Курсеви

ADOBE INDESIGN: ТИПОГРАФИЈА И ДИЗАЈН НА ТЕКСТ

ADOBE INDESIGN: ТИПОГРАФИЈА И ДИЗАЈН НА ТЕКСТ

By: vlatko Date: Мар 15, 2021
Оваа програма има за цел да им овозможи на студентите да се запознаат со основите на програмата Adobe InDesign. Софтверската апликација InDesign се користи за креирање на постери, флаери, магазини и книги.
ПОЧЕТОК:
08.05.2021
No student enrolled €145.00
1992 Comments off
ЦРТАЊЕ И СЛИКАЊЕ

ЦРТАЊЕ И СЛИКАЊЕ

By: doromarga Date: Фев 16, 2021

ЗА СИТЕ ГЕНЕРАЦИИ КОИ САКААТ РЕКРЕАТИВНО ДА СЕ ЗАНИМАВААТ СО ЛИКОВНАТА УМЕТНОСТ!

Програмата е под менторство на Доротеј Нешовски, во соработка со ликовниот уметник Маргарита Симовска.

Учесниците на курсот ќе имаат можност да се запознаат со основите на ликовната уметност преку цртачките и сликарски техники. Ќе ги совладаат принципите на композиција, конструкција на поставка, визирање, градација, топли и ладни бои, тон и поделба на плановите преку користење на различни цртачки и сликарски техники зависно од желбата на партиципиентот и моменталната наставна содржина (молив, туш, акрилни бои, водени бои, четка, шпакла и слично).

ПОЧЕТОК:
09.05.2021
No student enrolled €145.00
1782 Comments off
ТЕХНИКИ НА КРОЕЊЕ И ШИЕЊЕ

ТЕХНИКИ НА КРОЕЊЕ И ШИЕЊЕ

By: mare Date: Фев 16, 2021

Програмата „Курс за техники на кроење и шиење” е под менторство на искусната Маре Трајковска „Матра“ (модна дизајнерка и специјалист за конструкција на облека).

Сите (основни) материјали за потребите на програмата се вклучени во цената.

На крајот од осум неделната програма, учесниците ќе добијат сертификати за постигнатиот труд.

ПОЧЕТОК:
08.05.2021
No student enrolled €145.00
1984 Comments off
ДИЗАЈН НА МОДНИ ДОДАТОЦИ

ДИЗАЈН НА МОДНИ ДОДАТОЦИ

By: eftimov Date: Дек 30, 2020

Со оваа програма студентите ќе ја совладаат методологијата на дизајнерска работа на модни додатоци, започнувајќи од анализа на целната група и начини на интерпретација на инспирацијата/темата, преку спецификите на технолошкиот процес за производство на одделни модни додатоци, до развој на финални дизајнерски решенија и нивна презентација во портфолио (илустрација и технички цртежи) и насоки за презентација на пазар, преку симулирани ситуации. Воведните предавања се наменети за совладувањето на класификацијата на модните додатоци.

**Една од студентските вежби би вклучила преупотреба на материјали и/или рециклирање.

ПОЧЕТОК:
08.05.2021
No student enrolled €145.00
1418 Comments off
ДИЗАЈН НА РАЧНО ПЛЕТЕНИ МОДНИ ПРОИЗВОДИ

ДИЗАЈН НА РАЧНО ПЛЕТЕНИ МОДНИ ПРОИЗВОДИ

By: eftimov Date: Дек 30, 2020
Програмата има за цел да им овозможи на студентите да ја совладаат дизајнерската методологија за развој на рачно плетени модни производи и да ги научат базичните техники на рачно плетење. На глобалниот пазар, покрај понудата на веќе етаблираните имиња на модната сцена, се зголемува и бројот на млади дизајнери кои целосно или дел од модната понуда ја базираат на рачно плетени производи (облека и модни додатоци).**Една од студентските вежби би вклучила преупотреба на материјали и/или рециклирање.
ПОЧЕТОК:
09.05.2021
No student enrolled €145.00
1042 Comments off
ФИЛМСКИ АКТЕР

ФИЛМСКИ АКТЕР

By: begovska Date: Дек 14, 2020
Обуката за филм и филмски актер, која ќе се одржи по шеснаесетти пат, е под менторство на режисерката Теа Беговска, во соработка со филмскиот режисер Дејан Џолев, универзитетски професори, професионални актери, режисери, театролози, филмски работници…ЦЕЛ: Секој од учесниците ќе биде дел од практичен актерски процес во кој ќе бидат реализирани 10 кратки филмски етиди со професионална филмска екипа, кои подоцна ќе имаат своја филмска премиера во „Кинотека на Македонија“.Секој учесник ќе добие сертификат за успешно реализирана програма „Обука за филм и филмски актер“, кастинг CV и кастинг фотографии.
ПОЧЕТОК:
14.03.2021
No student enrolled €145.00
1666 Comments off
ПРЕДАВАЊА: ИНТЕЛЕКТУАЛНА СОПСТВЕНОСТ

ПРЕДАВАЊА: ИНТЕЛЕКТУАЛНА СОПСТВЕНОСТ

By: kristinakragujevska Date: Дек 14, 2020
Интелектуалната сопственост се однесува на креациите на човековиот ум. Предавањата од областа на интелектуалната сопственост ќе го опфатат поимот за интелектуалната сопственост v. индустриска сопственост, поим за авторско право, како и права од индустриска сопственост и нивна заштита.
ПОЧЕТОК:
14.06.2021
No student enrolled €145.00
1460 Comments off
ЦРТАЊЕ И СЛИКАЊЕ

ЦРТАЊЕ И СЛИКАЊЕ

By: doromarga Date: Дек 14, 2020

ЗА СИТЕ ГЕНЕРАЦИИ КОИ САКААТ РЕКРЕАТИВНО ДА СЕ ЗАНИМАВААТ СО ЛИКОВНАТА УМЕТНОСТ!

Програмата е под менторство на Доротеј Нешовски, во соработка со ликовниот уметник Маргарита Симовска.

Учесниците на курсот ќе имаат можност да се запознаат со основите на ликовната уметност преку цртачките и сликарски техники. Ќе ги совладаат принципите на композиција, конструкција на поставка, визирање, градација, топли и ладни бои, тон и поделба на плановите преку користење на различни цртачки и сликарски техники зависно од желбата на партиципиентот и моменталната наставна содржина (молив, туш, акрилни бои, водени бои, четка, шпакла и слично).

ПОЧЕТОК:
14.02.2021
No student enrolled €145.00
1759 Comments off
ФОТОГРАФИЈА

ФОТОГРАФИЈА

By: djolev Date: Дек 14, 2020
Курсот по фотографија е под менторство на мултимедијалниот уметник Дејан Џолев во соработкa со фотографот Драги Неделчевски и професионални фотографи, фоторепортери, режисери, сликари, драматурзи, актери, модни дизајнери, фотомодели…
ПОЧЕТОК:
13.03.2021
No student enrolled €145.00
2382 Comments off
ФИЛМСКА РЕЖИЈА

ФИЛМСКА РЕЖИЈА

By: djolev Date: Дек 14, 2020
Курсот „Филмска режија” претставува елементарно запознавање со процесите на создавање филм или филмска форма, преку практични предавања, филмски проекции и анализи, како и теренски филмски вежби во студио, ентериер и екстериер со филмска опрема и филмски соработници, како и постпродукција и обработка на филмска слика и монтажа во дигиталните софтвери ADOBE Premiere и ADOBE Audition.ЦЕЛ: Во текот на програмата секој од учесниците ќе биде дел од работен процес (од идеја до снимање кратка филмска форма), која подоцна премиерно ќе биде проектиран на големото филмско платно во „Кинотека на Македонија“. Исто така учесниците ќе имаат можност активно да се вклучат кон создавање на краток игран филм во рамки на програмата „Обука за филмски актер”. На крајот од програмата се доделува Сертификат за успешно реализирана програма.
ПОЧЕТОК:
19.04.2021
No student enrolled Free
593 Comments off
ТЕХНИКИ НА КРОЕЊЕ И ШИЕЊЕ

ТЕХНИКИ НА КРОЕЊЕ И ШИЕЊЕ

By: mare Date: Дек 14, 2020

Програмата „Курс за техники на кроење и шиење” е под менторство на искусната Маре Трајковска „Матра“ (модна дизајнерка и специјалист за конструкција на облека).

Сите (основни) материјали за потребите на програмата се вклучени во цената.

На крајот од осум неделната програма, учесниците ќе добијат сертификати за постигнатиот труд.

ПОЧЕТОК:
13.02.2021
No student enrolled €145.00
1935 Comments off
ПРЕДАВАЊА: ЕСТЕТИЧКИ ДИСКУРСИ

ПРЕДАВАЊА: ЕСТЕТИЧКИ ДИСКУРСИ

By: nebojsa Date: Дек 14, 2020

ЗАДОЛЖИТЕЛНА МЕНТАЛНА ХИГИЕНА ЗА СЕКОЈ УМЕТНИК И ДИЗАЈНЕР

…како и вљубеници на философијата, историјата на уметностите, естетиката… предложуваме естетски дискурси со проф. Небојша Вилиќ, во пријатен и неформален амбиент.

ПОЧЕТОК:
01.04.2021
No student enrolled Free
1347 Comments off