Студентски осврт сo Ирина, Андреј и Марија I Skala

Студентски осврт сo Ирина, Андреј и Марија, студенти на Академијата за UX/UI+дизајн

2924 Comments off UX/UI+, Инфо, Студенти




Разговаравме со нашите студенти Ирина Чабуковска, Андреј Стамевски и Марија Бежаноска, студенти на Академијата за UX/UI+ дизајн , за нивниот семестрален проект на предметот „UI дизајн“ под менторство на Дејан Милосавлески.


Сите тројца имале различни идеи во креирањето на основите страници, но она што е впечатливо е што сите размислувале на корисничките принципи и барања и особено добро ги претставиле своите прототипирани страници. Истите можете да ги видите како функционираат подолу само со еден клинк на линкот 🙂


Академија за UX/UI + дизајн, Ирина, Skala School
Ирина Чабуковска, дизајн на landing page

Кликни ТУКА за да го разгледаш и веб сајтот (прототип).


Се одлучив за оваа тема/идеја поради…

Ирина: Имавме за задача по предметот UI да изработиме Newsletter форма. Во процесот на избирање фотографија се одлучив за една со девојка со многу уникатна тетоважа, и кога дојде време за изработка на Landing Page-от се одлучив да го продолжам истиот стил и така дојде до идејата.

Андреј: Идејата е поедноставување на Booking.com платформата, односно чист и интуитивен интерфејс, со тоа што на корисниците ќе им ја олесни навигацијата и чекорите вклучени при букирање (закажување на место за престој).

Дизајнот е со интуитивни елементи кои лесно и брзо го водат корисникот низ процесот. Боите се задржани од постоечкиот брендинг.

Марија: Редизајнот на веб страната на Booking.com беше задача која ја добивме од нашиот ментор по UX/UI+ дизајн. Морам да напоменам дека овој проект за мене беше прво, вистинско соочување со (ре)дизајн на една веб страна, после нашите пробни проекти и дизајни. Проектот сам по себе ја разбуди имагинацијата во мене и ми помогна да дизајнирам и креирам на начини на коишто никогаш не замислував дека би можела да творам.


При процесот на креирање, се соочив со…

Ирина: …моменти кога се чувствував како да немам идеи кои би ја истакнале мојата работа и бев незадоволна од себе. Но, со помош на советите од менторите и постојан research секогаш доаѓав до крајни резулати на кои сум многу горда. 

Андреј: При процесот на еден ваков редизајн, на прво место е разбирањето на корисникот. Дизајн архитектурата е клучна за една ваква веб страна. Потребно е да се ставиме на местото на корисникот за да го детектираме проблемот. Во случајов Booking.com е многу збунувачки и преплавен со непотребни елементи и информации кои се повторуваат и затоа процесот на симплификација е главен сегмент на редизајнот.

Марија: Морам да кажам дека самиот процес на креирање и дизајнирање веб страна (па и сè останато) „from scratch” знае да биде малку „заплашувачки” и за мене беше огромен предизвик. Но, благодарение на соработката со менторите и колегите, и секако напорната работа, успеав да го совладам тоа чувство на неудобност и да ги креирам посакуваните дизајни.



Академија за UX/UI + дизајн, Mарија, Skala School
Марија Бежаноска, UI дизајн

Кликни ТУКА за да го разгледаш веб сајтот (прототип).



За соработката при процесот, за менторите би сакал/а да кажам…

Ирина: Секогаш кога беше потребна помош или фидбек, беа тука за нас и помагаа да се подобриме. Ни даваа корисни совети како да излеземе од комфор зоната и да достигнеме ново ниво во квалитетот на работата. 

Андреј: Уживав во соработката со менторите, ме охрабрија да ги реализирам сите мои идеи!

Марија: Менторите беа поддршката која на сите нас, како почетници ни е навистина важна и потребна. Од раѓање идеја за конкретен дизајн, помош при преточување на таа идеја во lo-fi прототип, до креирање завршна дизајн верзија/hi-fi прототип…

Насоките и советите навистина беа добредојдени и ме насочија на вистинскиот пат.


ПОГЛЕДНИ ПОВЕЌЕ ЗА СИТЕ 6 АКАДЕМИИ ЗА ДИЗАЈН [ТУКА]
Академија за графички дизајн
Академија за UX/UX+ дизајн
Академија за визуелни уметности
Академија за моден дизајн
Академија за ентериер и продукт дизајн
Академија за фотографија


Академија за UX/UI + дизајн, Андреј, Skala School
Андреј Стамевски, UI дизајн


Кликни ТУКА за да го разгледаш и веб сајтот (прототип).

Другарски совет за сите оние кои сакаат да се запишат на Академија во Скала

Ирина: Вежбање и константно прегледување и пребарување кои се моменталните трендови и новости во светот на UX/UI. Тоа е дефинитивно клучот. Мислам дека е доста важно постојано да се вежба на нови дизајни за фиктивни брендови или веб апликации кои понатаму би ги ставиле како дел од своето портфолио. 

Бидете храбри и ослободете ја уметноста во вас!

Андреј: Започнете со изградба на цврста основа. Одвојте време да ги научите основните принципи на UI/UX дизајнот. Запознајте се со дизајнот насочен кон корисникот, визуелната хиерархија и интуитивноста. Не заборавајте да вежбате, да барате повратни информации и да останете отворени за критики. Патот додека да станете UI/UX дизајнери лежи во вашата посветеност, љубопитност и непоколеблива страст.

Верувајте во процесот, верувајте во своите способности и подгответе се да создавате.

Марија: Тој плус (+) во името на нашата Академија, е убавината на целиот процес. Доколку те привлекува дизајнот и по природа си креативец, UX/UI+ ти дава можност да се осознаеш себеси, да истражиш што навистина ти се допаѓа од целиот софтвер дизајн процес и со што би сакал/а да продолжиш да се занимаваш во иднина.

И за крај, другарскиот совет, не плашете се да излезете надвор од вашата комфор зона, верувајте во себе и бидете истрајни! Секој напор се исплаќа на крај!