Скалаленд и волшебниот свет на знаењето | Skala

Скалаленд и волшебниот свет на знаењето

3031 Comments off Некатегоризирано


ЈАНУАРИ

Скала со нов административен простор

Во земјата Скалаленд се отвори нова врата, издигната од страниците на стари книги, врзани со јазли од успех. Вратата не беше само влез во нов простор, туку и магичен свет каде што сонувањето, идеите и учењето станаа едно.


ФЕВРУАРИ

Месец за планирање и неформална дружба на тимот во Скала

На првата седница во новиот простор на Скалаленд, господинот Едукационеус извика: „Добредојдовте во Скалаленд, свет каде што секој ученик и вработен ќе се развива како главен лик во нашата образовна приказна“.


МАРТ


Интервју со Дејан Џолев, CEO на Скала

А потоа, Едукационеус се обрати на целата јавност: „Чујте и почујте, иновациите во образованието се примарни, иднината на студентите е наша одговорност!“ [прочитај повеќе]


АПРИЛ


Физичката практична настава во пролетен амбиент

Во Скалаленд, идеите се речен тек, а шумите шумолејќи се напојуваат од ветер на размислување. 


МАЈ


Се одржа саемот за креативни искуства и размисли „Добро утро креативци“, со фокус на АИ-технологиите

„Добро утро, креативци” -извикаа во Скалаленд на својот 12-ти роденден. Секој посетител можеше да го просведочи волшепството преку различни уметнички работилници, интерактивни изложби и креативни игри. 



ЈУНИ


Скала во МКЦ! – Единствена школа од неформално образование, помеѓу сите државни и приватни универзитети

Идеите летаа како шарени летечки теписи на магичното небо над Скалаленд. 
Студентите како вистински волшебници на знаењето, еден ден, добија можност за учество на студентска изложба во Mагичниот/Младински Kреативен/Kултурен Центар (МКЦ).


ЈУЛИ


Се случи неделниот саем за вработување, каде што студентите ги презентираа своите портфолија и се вработија во најзначајните компании од индустријата

Студентите се трансформираа од ученици во создавачи, од чираци во магионичари. Го вкусија знаењето и успехот. Се вработија во компании со работни простории како слатки соништа, каде што мирисот на ванила се шири во воздухот. [прочитај повеќе]


АВГУСТ


Јавно обраќање на наставниот координатор во Скала, Ангела Николовска, „Сертификатите во креативните индустрии во суштина се неважни!

На годишното обраќање во Скалаленд, госпоѓата Визионерка се појави обоена во својата карактеристична насмевка и поглед полн енергија. Се обрати кон сите граѓани на Скалаленд и надвор од неа, таа рече: „Вистинската магија лежи во потребата од знаење и немирниот дух на истражувањето“. [прочитај повеќе]


СЕПТЕМВРИ


Скала, единствена Школа на „Моден викенд Скопје“

Во еден сонлив викенд во Скалаленд, студентите поддржани од својот уметнички допир, се впуштија во подготовките за јавен настап. Облеката којашто ја создадоа не е само начин за покривање на телото, туку е чист израз на креативност и индивидуалност. Некои фустани беа украсени со росни капки, други со пролетно ветре и сок од црвено овошје… а само една девојка со ѓердан од бисери која блеска како зора на нови идеи и спомени. [прочитај повеќе]


ОКТОМВРИ


Се одржа најголемата студентска изложба за дизајн!

Студентите и оваа година создадоа иновативни дела коишто ги претставија на големата платформа за креативност и визионерство. Вистинско волшепство беше да се видат студентите како идеите од своите мечти, ги преточија во уметнички дела коишто ја маѓепсаа публиката.

Сите присутни, осветлени од светлината на мудроста, танцуваа во транс на знаењето. [прочитај повеќе]


НОЕМВРИ


Првиот учебен ден, стотици студенти и најголемата дизајн-заедница

Вратите на Школата „Скала“ се отворија! Менторите ги пречекаа новите студенти со широки насмевки на лицата, подготвени да ги споделат своите тајни и чуда. 


ДЕКЕМВРИ


Студентите на Скала, победници помеѓу сите школи од неформалното образование на хуманитарен Хакатон.

Скалаленд е место каде што учењето не е задолжително, туку вистинско патување низ алеа од смеа и знаење. 

Студентите овој месец ја искористија својата енергија и желба за социјална одговорност и придонес кон заедницата. Отпатуваа преку седум реки и мориња и се вратија со победничка идеја! 

Нивното решение не само што го покажа потенцијалот на образованието како алатка за промена, туку создаде и нова светла точка на надеж кај оние на кои најмногу им е потребна. [прочитај повеќе]


Среќна Нова година драги Скалаџии и Скалаџики. Ве очекуваме, вратите во Скалаленд се отворени за сите кои се стремат за промени, кои се стремат за личен и професионален раст и развој – добре дојдовте во Скала!