Фото-импресии // Вивид -студентска изложба

Фото-импресии // Вивид -студентска изложба

1660 Comments off Некатегоризирано


На 24 февруари во 20ч, просториите на „Скала“ во рамките на објектот „Јавна соба“ беа центарот на креативното збиднување каде што посетителите дoaѓаа да ги нахранат своите сетила со нови вивидни визуелни искуства.

На изложбата беа претставени дела изработени од студенти кои успешно ги завршија обуките по фотографија, цртање и сликање, кроење и шиење, како и проекции на филмски етиди од студентите кои ја посетуваа обуката за филмски актер.

Пред вратите на „Скала“ имаше толпа насмеани и радосни лица кои нетрпеливо го очекуваа отварањето на истите, како и тоа што се крие зад нив! 



Изложбата ја отвори Ана Секуловска, честитајќи им на сите студенти за успешно завршената сезона курсеви и обуки, мотивирајќи ги да продолжат со негување на сопствениот креативен раст и развој. Голем дел од студентите продолжуваат да го градат својот авторски печат токму на некоја од нашите академии што за нас претставува огромна радост и укажана неизмерна доверба.

Освен популарните академии за дизајн, „Скала“ го прошири своето портфолио со 2 нови академии, Академија за дигитален маркетинг и Академија за човечки ресурси (HR) + регрутација коишто се моментално едни од најбараните професии во бизнис-секторот.



Голема благодарност изразуваме и на нашиот менторски тим на програмите за обуки и
курсеви XXIV
: Дејан Џолев, Катерина Тошева, Слаѓана Вујошевиќ, Доротеј Нешовски, Маргарита Симовска, Зоран Кардула, Антонио Станков, Благој Ѓелевски, Андреј Стамевски и Петар Џон како и асистентите: Андријана Антова, Ана В’чкова и Андријана Павлоски. Целиот тим вложува многу љубов и посветеност кон пренесувањето на знаење на студентите.

Секој од менторите даде краток осврт за сопствената група, истакнувајќи го постигнатиот успех, гордеејќи се со крајниот резултат.
 

Уписите за новите групи се во тек!!

Погледни повеќе:

Курс за фотографија [клик]
Курс за кроење и шиење [клик]
Курс за филмски актер [клик]



Менторката на обуката по филмски актер, Слаѓана Вујошевиќ изјави:

Ми претставуваше задоволство изминатава сезона да бидам дел од тимот на „СКАЛА“ и да ги споделам своите знаења и искуства од областа на филмската уметност, со навистина вредни и посветени студенти. Pеализацијата на часовите беше успешна, пред сè поради нивната силна желба да ги осознаат техниките на филмската актерска игра. Посакувам таа глад за нови знаења никогаш да не згасне. Впрочем во оваа професија талентот е само 10%, сè останато е вложен труд, дисциплина и континуирана надоградба на актерот. Сега кога ги поставивме темелите, важно е да продолжиме да растеме! 

Забавата тукушто почна, студентите уживаа во поставките заедно со менторите, блиските, како и со сите љубители на уметноста кои задоволно ги набљудуваа и гледаа делата. Таа вечер, „Скала“ беше исполнета со многу љубов, задоволство и спомени коишто нема да се заборават.



Вечерта беа доделени +100 сертификати на студенти за успешно завршени обуки и курсеви за сезона XXIV, меѓу кои:

• Фотографија
• Цртање и сликање
• Кроење и шиење
• Филмски актер
• ADOBE Photoshop
• ADOBE Illustrator
• ADOBE After Effects
• WordPress + Elementor
• Figma

„Скала“ ви честита и ви посакува уште многу нови креативни искуства!




P.S. Погледни го нашиот нов веб сајт: www.skala.edu.mk