Академија за моден дизајн | SKALA

МЕНТОРИ

9

НЕДЕЛИ

40

ЧАСОВИ

320

+ПРАКСА

120

ПРЕДМЕТИ

СЕМЕСТАР I

ИСТОРИЈА НА МОДА

МЕНТОР: ГОРДАНА ВРЕНЦОСКА

НАСТАВНА ПРОГРАМА:

• ИСТОРИСКИ ПРЕГЛЕД И АНАЛИЗА НА РАЗВОЈОТ НА РАЗЛИЧНИТЕ ТИПОВИ И ДОДАТОЦИ, ВО ЗАВИСНОСТ ОД ИСТОРИСКИТЕ, ОПШТЕСТВЕНИТЕ И КУЛТУРОЛОШКИ КОНТЕКСТИ.

МОДЕН ДИЗАЈН

МЕНТОР: АЛЕКСАНДАР НОШПАЛ

НАСТАВНА ПРОГРАМА:

• ДЕФИНИРАЊЕ НА КОМПЛЕКСНИОТ МОДЕН СИСТЕМ;
• СОЗДАВАЊЕ НА МОДНИ КАТЕГОРИИ;
• МЕТОДОЛОГИЈА НА ДИЗАЈНИРАЊЕ НА МОДНА КОЛЕКЦИЈА;
• ГРАДЕЊЕ НА РЕЛАЦИЈА СО ЦЕЛНА ГРУПА;
• ПРЕЗЕНТИРАЊЕ [РЕВИЈА, ФОТО-ЕДИТОРИЈАЛ, ДИСТРИБУЦИЈА].

КОНСТРУКЦИЈА НА ОБЛЕКА СО ТЕХНИКИ НА КРОЕЊЕ И ШИЕЊЕ I

МЕНТОР: НИКОЛА БУЛЕСКИ БУЛЕ

НАСТАВНА ПРОГРАМА:

• АЛАТКИ И НИВНО КОРИСТЕЊЕ;
• ТЕХНИКИ НА МОДЕЛИРАЊЕ;
• ИЗРАБОТКА НА ОСНОВЕН ТЕРК;
• МОДИФИКАЦИЈА НА ВШИТОЦИ;
• КОНСТРУКЦИЈА НА КРОЈ;
• ИЗРАБОТКА НА ОБЛЕКА.

МОДНА И ТЕХНИЧКА ИЛУСТРАЦИЈА

МЕНТОР: ЕЛЕНА ВАНГЕЛОВСКА

НАСТАВНА ПРОГРАМА:

• МОДНАТА ИЛУСТРАЦИЈА И ЛИКОВНА ЕДУКАЦИЈА;
• ЛИКОВНИ ЕЛЕМЕНТИ, ПРИНЦИПИ И ТЕХНИКИ;
• ПРОПОРЦИИ НА ЧОВЕЧКО ТЕЛО;
• ПРОПОРЦИИ НА МОДНА ИЛУСТРАЦИЈА;
• КОНТРАПОСТ;
• СТИЛИЗАЦИЈА.

СЕМЕСТАР II

МОДНА КОЛЕКЦИЈА

МЕНТОР: АЛЕКСАНДАР НОШПАЛ

НАСТАВНА ПРОГРАМА:

• ТЕМЕЛЕН ПРОЦЕС КОН РАЗВОЈ И РАЗРАБОТКА НА МОДНА КОЛЕКЦИЈА.

КОНСТРУКЦИЈА НА ОБЛЕКА СО ТЕХНИКИ НА КРОЕЊЕ И ШИЕЊЕ II

МЕНТОР: НИКОЛА БУЛЕСКИ БУЛЕ

НАСТАВНА ПРОГРАМА:

• АЛАТКИ И НИВНО КОРИСТЕЊЕ;
• ТЕХНИКИ НА МОДЕЛИРАЊЕ;
• ИЗРАБОТКА НА ОСНОВЕН ТЕРК;
• МОДИФИКАЦИЈА НА ВШИТОЦИ;
• КОНСТРУКЦИЈА НА КРОЈ;
• ИЗРАБОТКА НА ОБЛЕКА.

МОДЕН БРЕНД

МЕНТОР: ИРИНА ТОШЕВА

НАСТАВНА ПРОГРАМА:

• ЛИЧЕН БРЕНДИНГ, ПР И ПРОМОЦИЈА;
• ПРЕЗЕНТАЦИСКИ ВЕШТИНИ;
• СТРАТЕГИЈА ЗА ЛИЧЕН РАЗВОЈ;
• МАРКЕТИНГ, ПРЕЗЕНТАЦИЈА И ПРОДАЖБА.

МОДНА ФОТОГРАФИЈА

МЕНТОР: ДЕЈАН ЏОЛЕВ

НАСТАВНА ПРОГРАМА:

• ИСТОРИЈА НА МОДНА ФОТОГРАФИЈА;
• ВОВЕД ВО МОДНА ФОТОГРАФИЈА;
• МЕТОДОЛОГИЈА И ПРОЦЕС НА СТУДИСКА ФОТОГРАФИЈА;
• МЕТОДОЛОГИЈА И ПРОЦЕС НА КОНЦЕПТ ФОТОГРАФИЈА;
• ФОТО-ЕДИТОРИЈАЛ;
• СОЦИЈАЛНИ МЕДИУМИ.

ДИГИТАЛНА ИЛУСТРАЦИЈА

МЕНТОР: АЛЕКСАНДРА ЈОВАНОВСКА

НАСТАВНА ПРОГРАМА:

• ADOBE ILLUSTRATOR;
• ADOBE PHOTOSHOP;
• ДИГИТАЛНА ВИЗУЕЛИЗАЦИЈА НА МОДНА ИЛУСТРАЦИЈА.

КАРИЕРА И ИНТЕЛЕКТУАЛНА СОПСТВЕНОСТ

МЕНТОРИ: КРСТО ЗЛАТКОВ + КРИСТИНА КРАГУЈЕВСКА

НАСТАВНА ПРОГРАМА:

• ЛИЧЕН БРЕНДИНГ, ПР И ПРОМОЦИЈА;
• ПРЕЗЕНТАЦИСКИ ВЕШТИНИ;
• СТРАТЕГИЈА ЗА ЛИЧЕН РАЗВОЈ;
• БИЗНИС-МОДЕЛИ;

• ПОИМ ЗА ИНДУСТРИСКА СОПСТВЕНОСТ;
• УСЛОВИ ЗА ЗАШТИТА НА ИНДУСТРИСКИ ДИЗАЈН;
• УСЛОВИ ЗА ЗАШТИТА НА ПАТЕНТ.

МЕНТОРИ

Никола Булески - Буле
УНИВЕРЗИТЕТСКИ ПРОФ.
СПЕЦИЈАЛИСТ ЗА КОНСТРУКЦИЈА НА ОБЛЕКА
„Bella" + „Nikola Buleski - Bule“
Ирина Тошева
МОДЕН ДИЗАЈНЕР
„Irina Tosheva"

Дејан Џолев
ВИЗУЕЛЕН АРТИСТ / ФИЛМСКИ РЕЖИСЕР
УМЕТНИЧКИ КООРДИНАТОР
Скала
Александар Ношпал
УНИВЕРЗИТЕТСКИ ПРОФ.
КОСТИМОГРАФ
МОДЕН ДИЗАЈНЕР
Елена Вангеловска
УНИВЕРЗИТЕТСКИ ДОЦ.
МОДЕН ДИЗАЈНЕР
МОДЕН ИЛУСТРАТОР
Небојша Вилиќ
УНИВЕРЗИТЕТСКИ ПРОФ.
Факултет за ликовни уметности

Гордана Вренцоска
ДЕКАН / ПРОФЕСОР
Факултет за арт и дизајн

Александра Јовановска
УНИВЕРЗИТЕТСКИ ДОЦ.
МОДЕН ДИЗАЈНЕР

КРСТО ЗЛАТКОВ
ГЕНЕРАЛЕН МЕНАЏЕР
Институт за дизајн и технологии – ИДТ Скопје

НАЈЧЕСТО ПОСТАВУВАНИ ПРАШАЊА:

КАКО ДА АПЛИЦИРАМ?

  • Брзо и едноставно, преку пополнување на нашата електронска апликација [тука]
  • Или можеш лично да нè посетиш. Остави ни ги твоите податоци и ќе те контактираме за да се договориме за термин [тука]

КОЛКУ ВРЕМЕ ТРАЕ И КАКО СЕ ОДВИВА НАСТАВАТА?

Фондот на часови и физичкото присуство се од особена важност за квалитетот на образованието. 

СЕКОЈ СТУДЕНТ МОЖЕ ДА ИЗБЕРЕ ДАЛИ ПРОГРАМАТА ЌЕ ЈА СЛЕДИ:

  • Со физичко присуство на цела настава (теоретски и практичен дел);
  • На комбиниран начин (теоретскиот дел ќе го следи онлајн, практичниот дел со физичко присуство).

ФОНД НА ЧАСОВИ: 

  • Можеби сте се запрашале зошто нашата Академија за графички дизајн е најскапата на локалниот пазар. Една од причините е токму поради најголемиот фонд на часови од вкупно 360 часа настава и 120 часа пракса. Наставата се одржува 4 пати неделно, со по 3 часа дневно, а трае 10 месеци. 

ДАЛИ Е ПОТРЕБНО ПРЕДЗНАЕЊЕ И ЗА КОГО Е НАМЕНЕТА АКАДЕМИЈАТА?

Никогаш не одбирај професија само според трендовите на пазарот. Вистинската среќа и успех доаѓаат кога ќе се посветиш на онаа професија којашто навистина ја сакаш. Кога ќе одлучиш за тоа, сакаме да знаеш дека ова е вистинската академија за тебе!

  • За лица (без искуство) кои сакаат да се преквалификуваат со цел да започнат кариера како модни дизајнери;
  • За лица (со искуство) кои сакаат да ги усовршат своите знаења во областите на модниот дизајн,  модната фотографија, конструкција на облека и моден бренд;
  • За сите оние кои сакаат да се развиваат во креативна заедница со цел почеток на кариера во креативните индустрии. 

ШТО ЌЕ НАУЧАМ НА АКАДЕМИЈАТА?

Академијата за моден дизајн е 10–месечна темелна програма којашто им овозможува на студентите да се стекнат со практични знаења и вештини преку нетрадиционални и флексибилни едукативни методи на настава во соработка со еминентни универзитетски професори и долгогодишни професионалци од креативните индустрии.

  • ВЕШТИНИ: Академијата ќе ти помогне да ги совладаш од технички и креативен аспект трите основни модни принципи: моден дизајн, конструкција на облека и модна илустрација, и нивно комбинирање, што во суштина и претставува модниот дизајн. 
  • АЛАТКИ: Оваа програма ќе те научи како да размислуваш креативно, преку различен тип на методологии и техники со цел да создаваш креативни модни решенија, користејќи дигитална илустрација.
  • ПРИМЕНА: Ќе научиш како да создадеш моден идентитет за клиенти, ќе научиш да моделираш и конструираш облека за најразличен тип на модни барања, како и можност за создавање сопствен моден бренд.
  • Ќе ги совладаш сите дигитални подготовки и конструкција на облека и адаптации;
  • Ќе ги развиеш креативните концепти и размислувања за сопствениот моден израз.

ЗАКЛУЧОК: Оваа академија, едноставно ќе те подготви да се усовршиш и започнеш кариера како моден дизајнер.

КАКО СЕ СЛЕДИ ПРОГРЕСОТ НА СТУДЕНТИТЕ И КОИ СÈ ДРУГИ АКТИВНОСТИ СЕ ВКЛУЧЕНИ ЗА ВРЕМЕ НА СТУДИРАЊЕТО?

  • ОПРЕМА И УСЛОВИ: „Скала“ е единствената Школа којашто им овозможува на студентите постојана достапност до: комплетно опремено модно ателје; технолошка лабораторија со таблети за цртање и 3Д–принтери, современо фото и видео студио со техничка опрема за работа, цртачко и сликарско ателје и материјали за работа.
  • ИСПИТНИ СЕСИИ: Академијата има развиено свој унифициран систем на вреднување. Проектните задачи се презентираат на испитните сесии коишто се одржуваат на крајот од првиот и крајот од вториот семестар пред менторите од програмата. Севкупниот прогрес и напредок на секој студент се класифицира во една завршна единица.
  • АНАЛИЗА: Дополнително, во рамките на еден семестар се организираат посебни часови за анализа на тековните активности и дополнителни менторски сесии во зависност од тоа како напредува групата и секој студент поединечно.
  • СКАЛА МАГАЗИН: Секој студент има можност за време на студирањето да биде дел од еден голем систем и структура во редакциските тимови и да стекне практично искуство во креативниот сектор на „Скала магазин“ – платформа за дизајн и визуелни уметности [погледни повеќе]
  • РАБОТА СО КЛИЕНТИ: Една од значајните предности на „Скала" е нејзината тесна врска со креативните индустрии. Во текот на студирањето, студентите имаат привилегија да работат на проекти креирани од страна на компании или да аплицираат на конкурси коишто се достапни само во рамките на академијата. За сите овие активности, студентите добиваат парична награда.

ШТО ПО ЗАВРШУВАЊЕ НА АКАДЕМИЈАТА?

  • ПОРТФОЛИО: Секој студент на крајот од академијата изработува портфолио каде што се опфатени највреднуваните дела и креативни решенија од предметите;
  • ПРАКСА + ВРАБОТУВАЊЕ: Секој студент го презентира своето портфолио на завршен настан пред избрани компании од креативните индустрии (маркетинг и адвертајзинг агенции, дизајнстудија, видео и фотопродукции…) со цел поврзување на студентите со индустријата и овозможување на дополнителна пракса и вработување;
  • ДИПЛОМА И УВЕРЕНИЕ: Секој студент добива диплома и уверение во коешто се опфатени сите предмети и финалната оцена согласно претставениот систем на вреднување, но никогаш не заборавај дека твојата потреба е знаење и искуство, сертификатите во креативните индустрии се хартии без практична вредност;
  • ЗАВРШНА ИЗЛОЖБА: Дипломите и уверенијата се доделуваат на завршна изложба каде што секој студент ги изложува своите изработени вежби и практични проекти од Академијата.

КОИ СЕ ОПЦИИТЕ ЗА ПЛАЌАЊЕ?

Твојата желба за студирање е наш приоритет, затоа сме подготвени да ги прилагодиме опциите за плаќање според твоите потреби. Имаме различни алтернативи на располагање за да ти го олесниме финансискиот план:

  • Заштеди: Месеците јуни и јули се дел од нашиот ран уписен рок, оваа понуда е за 400€ пониска во споредба со редовната цена;
  • Попуст за еднократно плаќање: Доколку одлучиш да го платиш целиот износ одеднаш, добиваш дополнителен попуст од 100€;
  • Флексибилни опции за рати: Можеш да го поделиш плаќањето до 20месечни рати, без дополнителни трошоци и камати;

Аплицирај за стипендија: Секоја година доделуваме стипендии за академските програми на кандидати со и без претходно искуство од дејноста за којашто аплицираат. Повикот е отворен, аплицирај веднаш [тука].

Сѐ уште размислуваш дали Академијата за моден дизајн е правилниот избор за твоите професионални цели?

ВРЕМЕТРАЕЊЕ:
40 активни недели
320 часа [настава]
120 часа [пракса во компанија]

ПОЧЕТОК НА НАСТАВА: 14.10.2024
КРАЈ НА НАСТАВА: јули 2025
ПРАКСА: лето 2025
ИЗЛОЖБА: септември 2025

ОДРЖУВАЊЕ:
4 ДЕНА НЕДЕЛНО

ТЕРМИН: ПОЧЕТОК: 17:00ч.

ТИТУЛА:
МОДЕН ДИЗАЈНЕР

МОЖНОСТ ЗА КАРИЕРА:
МОДЕН ДИЗАЈНЕР
СПЕЦИЈАЛИСТ ЗА КОНСТРУКЦИЈА
КОСТИМОГРАФ
МОДЕН ИЛУСТРАТОР
СТИЛИСТ
МОДЕН МЕНАЏЕР

ПОВИК ЗА СТИПЕНДИИ:
AПЛИКАЦИЈА ЗА 100%, 50% и 30% СТИПЕНДИРАЊЕ

Секоја година доделуваме стипендии за академските програми на кандидати со и без претходно искуство од дејноста за којашто аплицираат. Повеќе информации за начините на аплицирање и системот на вреднување можете да прочитате во самата апликациска форма.
Повикот е отворен во текот на целата година, а евалуациите на кандидатите и доделувањето на стипендиите се организира во текот на јуни и септември.

ЦЕНА: 2.450 € | 320 ЧАСА | + 120 ЧАСА ПРАКСА

ЦЕНИ СО ПОПУСТ ЗА РАНИ УПИСИдо 15 мајпопустдо 15 јунипопустдо 15 сеп.попустдо 15 окт.попуст
Уплата до 20 рати без камата2.050€-400€2.150€-300€2.350€-100€2.450€/
Во готово1.950€-500€2.050€-400€2.250€-200€2.350€-100€

ПРОГРАМА ЗА ПРЕПОРАКИ | АЛУМНИ СМЕТКА

*Со секоја препорака од наш тековен или поранешен студент добивате дополнителни 50€ попуст.

**На секој наш студент по завршување на академијата му се отвара Алумни сметка со почетно салдо од 50€, со можност за неограничено надополнување и користење. Повеќе тука.

ПОСЛЕДНИ НОВОСТИ

Вренцоска-скала-академија-дизајн

ПРВ АКАДЕМСКИ ЧАС- Училните полни!

ноември 2, 2023

На 16 октомври започна новата учебна година! Првиот aкадемски час го следеа +100 студенти на aкадемиите за дизајн во „Скала“. Професионалниот развој на новата генерација студенти започна со основите на естетиката и теоријата

Прочитај повеќе
изложба-скала-џолев-академии-глас-на-новата-сцена

Најголемата студентска изложба за дизајн!

октомври 26, 2023

На 13 октомври се случи финалната изложба на студентите од aкадемиите за графички дизајн, визуелни уметности, моден дизајн, ентериер и продукт-дизајн, како и Академијата за UX/UI-дизајн при „Скала“ -Школата за

Прочитај повеќе
скала џолев академија за моден дизајн моден викенд скопје

Новите таленти беа центар на вниманието со иновативните колекции на Модниот Викенд Скопје

октомври 2, 2023

Скопскиот моден викенд го заврши своето 27-мо издание, оставајќи зад себе ехо од трансформативни дискусии, еклектични дизајни и иновативни одржливи концепти. Тридневниот настан, сместен во неконвенционалeн, и необично адаптиран амбиент  на

Прочитај повеќе
стипендистите-ве-повикуваат-на-стипендии-скала-џолев

Стипендистите ве повикуваат на последен повик за стипендии!

септември 21, 2023

На првиот отворен повик за стипендии, за учебната 2023/24 год. доделивме 12 стипендии, од коишто 4 целосни и 8 делумни стипендии и тоа: Целосни стипендии:Елена Божиновска, Академија за UX/UI+ дизајн;Стефан

Прочитај повеќе
никола булески-катерина тошева-студент-vs-ментор-поткаст-академија за моден дизајн-скала-џолев

Поткаст: Студент VS. Ментор [Е02] // Катерина Тошева VS. Никола Булески [Моден дизајн]

септември 1, 2023

Студентите испрашуваат - менторите одговараат! „Студент VS ментор“ е нашата нова видео-рубрика, каде што студентите на SKALA School [поранешно „Џолев и уметностите“] имаат можност да поразговараат еден на еден со

Прочитај повеќе
скала-академија-моден-дизајн-џолев-едиториал

Нов моден едиторијал од студентите на Скала изработен со вештачка интелигенција

август 17, 2023

Изминa уште една успешна и продуктивна година за студентите од Академијата за моден дизајн при Школата за дизајн и уметност „СКАЛА“. Од првите искуства со техниките на кроење и шиење

Прочитај повеќе

Ако сакаш да го надоградиш своето знаење, Академијата за моден дизајн е одличен избор. Те очекуваме!