Бев несреќен студент по информатички технологии, денес сум среќен дизајнер. » SKALA School

Бев несреќен студент по информатички технологии, денес сум среќен дизајнер.

1130 Comments off кариера

Интервју: Виктор Стојков, студент на академијата за Визуелни уметности

Разговараме со Виктор Стојков, студент на академијата за Визуелни уметности, денес вработен во Школата за дизајн и уметност “Џолев и Уметностите”.

Како мал расклопував и склопував компјутери за себе, но и за џепарлак. Природно се случи да се запишам на информатички технологии. Една година подоцна, заклучив дека не е тоа што ме прави среќен. Се сетив дека мојата прва импресија од информатиката и не беше информатичка. Во средно, имавме домашно по предметот информатика, да споиме музика и видео. Тоа беше љубов кон уметноста, а не кон информатиката, но ми требаше време да го сфатам тоа… Откровение беше Академијата за визуелни уметности, програма што ги опфаќаше сите мои интереси. Веднаш се отпишав од факултетот и започнав со студии на академијата. Една година подоцна сум среќен, работам во креативна средина, каде што истовремено создавам и учам.

Предмет што најмногу ме привлече е тешко да изберам, и нема да изберам бидејќи сметам дека сите предмети се подеднакво важни и интерeсни на свој начин.

Најважното нешто што го научив од праксата е како да се работи под притисок и како брзо да реагираш на секој даден предизвик.

Со вработувањето во „Џолев и уметностите“ имам можност да видам зад завесата, да ја видам љубовта и посветеноста што се вложува во секој детал. Од осветлувањето, па сè до миризливи свеќи, сè со цел да се поттикнат студентите да се предадат потполно на својата креативност.

Ако не го работев тоа што го сакам сè уште би бил во потрага по истото.

Настан кој би го покрил фотографски би бил музички концерт на „The Prodigy“ (да можев да патувам низ време).

Омилен режисер на музички видеа ми е Cactus Jack.

Сон за иднината ми е да основам студио за креативни дејсности.

Уписите за новата генерација студенти на Академијата за графички дизајн е во тек! Погледни повеќе на овој линк.