Студентите од Академијата за моден дизајн на пракса во Модната куќа Waescheflott од Виена

Студентите од Академијата за моден дизајн на пракса во Модната куќа Waescheflott од Виена, Австрија

909 Comments off кариера, Студенти

Поврзувањето на нашите студенти со индустријата продолжува! Ова е уште една интернационална соработка на Академијата за моден дизајн при Школата за уметност и дизајн Џолев и Уметностите, овој пат со Модната куќа Waescheflott од Виена, Австрија.

Модната куќа Waescheflott Wien e основана во 1948 години, и управувана од фамилијата Stekl. Важи за една од најценетите модни куќи во Виена која се уште работи рачно изработени, custom-made парчиња облека.

Во рамките на соработката, Waescheflott Wien ќе им овозможи работни пракси на студентите од Академијата за моден дизајн, во нивното ателје кое се наоѓа во центарот на град Виена.