КОМБО КУРСЕВИ
Едноставно некои работи одат заедно! – или рака под рака. 🙂
Пред точно еден месец, нашата координаторка за настава, Ангела ја најави новата сезона на +17 курсеви, обуки, работилници и предавања од областите на дизајн и уметност чии уписи се во тек, а почетокот закажан како и секогаш – во сабота, овојпат на 13ти март.
Што е ново?
Оваа 19та сезона ги проширивме нашите категории на едукативни програми со нови софтверски алатки за моушн дизајн и 3D моделирање, како и нови курсеви во категориите на филм, фотографија, моден дизајн и уметност.
„Применетите уметности се подеднакво важни како и технологиите во целокупниот процес на дигитализацијата.“
Што е најдобро да се комбинира?
Едноставно некои работи одат заедно! Така на пример: Секој фотограф е потребно да го познава и процесот на постпродукција на фотографија, а тука сеуште недадминлив е ADOBE Photoshop. Секое познавање на ADOBE Photoshop за цели на графичкиот дизјан подразбира и познавање на ADOBE Illustrator, нели? Сакаш да режираш филм? – Секако дека ти треба и монтажа и анимација, Филмска режија и ADOBE Premiere или нераскинливите ADOBE Premiere и ADOBE after effects. Уште една совршена комбинација во модниот дизајн се техниките на кроење и шиење со техниките на рачно плетење, особено денес кога се поважна е реупотребата на материјалите и оддржливата мода.
Токму од овие причини ја создадовме новата понуда на КОМБО КУРСЕВИ со која имате можност да посетите две програми по специјална комбо цена. Преку оваа понуда, вие штедите и двојно го зголемувате вашето знаење.
Во понудата се вклучени вкупно 8 курсеви, поделени во 5 комбо пакети:
ADOBE Photoshop + ADOBE Illustrator
комбо цена 285 € (заштедувате 55€);
_____
ADOBE Photoshop + Фотографија
комбо цена 395€ (заштедувате 75€);
_____
ADOBE After Effects + ADOBE Premiere
комбо цена 365€ (заштедувате 85€);
_____
Филмска режија + ADOBE Premiere
комбо цена 365€ (заштедувате 85€);
____
Техники на кроење и шиење +
дизајн на рачно плетени модни производи
комбо цена: 255€ (заштедувате 55€).
___
Важно: Секој курс се слуша одделно, и тоа:
- АDOBE Photoshop
почеток: 13.03.2021
термини: секоја сабота 16:00ч. – 18:00ч; ментор Дејан Џолев - ADOBE Illustrator
почеток: 14.03.2021
термини: секоја недела 16:00ч. – 18:30ч., менторка Александра Новеска - Фотографија
почеток: 13.03.2021;
термини: секоја сабота 12:00ч. – 14:30ч., ментор Дејан Џолев - ADOBE Premiere
почеток: 15.03.2021;
термин: секој понеделник 17:00ч. – 19:30ч., ментор Дејан Смилески
- ADOBE After Effects
почеток: 16.03.2021
термин: вторник, петок 19:30ч. – 22:00ч., ментор Петар Џон - Филмска режија
почеток: 14.03.2021
термин: недела 16:00ч. – 18:30ч., ментор Дејан Џолев - Техники на кроење и шиење
почеток: 27.03.2021
термин: сабота 12:00ч. – 14:30ч., менторка Маре Трајковска - Дизајн на рачно плетени модни производи
почеток: 27.03.2021
термин: сабота 19:30ч. – 21:00ч.,ментор Никола Ефтимов
____
МЕРКИ ЗА БЕЗБЕДНОСТ: Секој студент може да избере помеѓу:
1. Физичко присуство на цела настава (теоретски и практичен дел);
2. Комбиниран начин на учење (теоретскиот дел ќе го следи онлајн, практичниот дел со физичко присуство);
3. Целосно онлајн;
// Наставата се одвива следејќи ги сите превентивни мерки пропишани од Министерството за здравство.
Линк за пријава: https://forms.gle/dcinZADT3NQTvXAm7
____
Повеќе информации // https://djolevandthearts.edu.mk/kursevi/
📞 Владанка Колева // 075 268 293
[email protected]