Просекот не е граница - Џолев и Уметностите со поинаков концепт на стипендирање » SKALA School

Просекот не е граница – Џолев и Уметностите со поинаков концепт на стипендирање

442 Comments off Инфо, кариера, Студенти

Написот е преземен од Vrabotuvanje.com.mk


ПРИМЕНЕТИТЕ УМЕТНОСТИ СЕ ПОДЕДНАКВО ВАЖНИ КАКО И ТЕХНОЛОГИИТЕ ВО ЦЕЛОКУПНИОТ ПРОЦЕС НА ДИГИТАЛИЗАЦИЈАТА

По некое непишано правило најчесто наградувани и стипендирани се учениците и студентите кои имаат висок просек. Па така повиците кои се сретнуваат што за прватни што за државни училишта гласат: Ако имате висок просек или 5.00 аплицирајте за… Но, ние наидовме на еден повик кој нагласуваше дека им требаат ученици со помал просек. Истраживме и дојдовме до „Џолев и Уметностите”.

Разговаравме со Елена Божиновска – маркетинг специјалист на „Џолев и уметностите“ и идна координаторка за социјални медиуми на Институтот за дизајн и технологија (ИДТ Скопје).

Во моментот успешно работите со Вашите обуки и академии, коишто се поврзани со уметност. Но, дали може да ни раскажете нешто повеќе за Вас, којa сте, колку време се занимавате со оваа дејност? Кои се Вашите предавачи?

„Џолев и уметностите“ е школа за дизајн и уметност којашто веќе десетта година по ред, креира и организира едукативни програми во вид на едногодишни академии и курсеви, со фокус на визуелните уметности, моден дизајн, индустриски и дизајн на ентериер. 

Кога станува збор за менторскиот тим, навистина сме нескромни во истакнување на истите. Патем, тенденцијата на јавно истакнување на менторскиот тим во неформалното образование потекнува токму од нашата школа. Станува збор за повеќе од 50 еминентни професори и најзначајните креативци, дизајнери, менаџери во креативните индустрии. Секако, подетално секој читател може да се запознае на нашата веб страна.

Моментално на пазарот се најбарани академии од областа на ИТ, Дигитален маркетинг и останати дигитални вештини. Од каде идејата да офoрмите едно неформално образование каде што во фокус е ставена уметноста? Што е тоа што најмногу Ве инспирираше?

Трендовите во индустријата, а со тоа и во професиите, отсекогаш се менувал. Во овој момент, дигитализацијата придонесе за развој на нови професии и го забрза тој процес на менување, но не само во маркетингот и информациските технологии, туку и во сите останати домени.

Уметноста се појавува како една од првите „професии“ во човечката цивилизација – од праисторијата каде што предметите сме ги ставиле во функција на пишување, градби, вајање, цртање, сликање, па сѐ до појавата на танцот, музиката, поезијата, театарот, кинематографијата, фотографијата итн. Сите овие „занаети“ ги поминале сите можни индустриски револуции и опстанале до денес. Едноставно, истите ја менуваат само формата и се адаптираат на новите медиуми.

Оттука се појавија применетите уметности, па графичкиот дизајн, дизајнот на продукт и ентериер, дигиталната фотографија итн., си најдоа свое место и успешно ги надополнуваат останатите професии. На пример денес, не можете да замислите да работите дигитален маркетинг или да развивате веб-страна без поддршка на графички дизајн, фотографија и видео, да водите канал на youtube без познавање на монтажа или пак да направите иновација на продукт без негов дизајн, изработка на прототип, моделирање, анимација и сл. Така е и во однос на модниот дизајн каде што облеката ќе остане засекогаш една од нашите примарни потреби. Со помош на иновациите во материјалите и нивната реупотреба, вие можете да направи многу поголем општествен импакт и директно влијаете врз најголемиот приоритет денес – зголемување на еко-свест и заштита на животната средина.


Освен курсеви и академии, каде што вашиот таргет се студенти и вработени, имате и обуки за деца. Може ли да ни раскажете нешто повеќе за тоа? Колку најмладите се заинтересирани за вакви обуки?

Во образованието секогаш посебно место ќе заземаат децата и најмладите како идни двигатели на општеството. Нашата цел е да поставиме правилен темел во нивниот раст и развој, да имаат позитивен пристап кон учењето, да развијат позитивни социјални интеракции со околината, да имаат самодоверба, да знаат да се изразат и да не се плашат да истражуваат. Токму за остварување на овие цели најважна е уметноста! Програмите од Kids and The Arts се препознаени од децата, но најважно и од родителите. Токму преку цртањето, сликањето, актерството, литературата итн., децата развиваат имагинација и способност за самоизразување. Во ова наше едукативно катче набргу ќе биде претставена и новата програма – работилница за деца и родители. Очекувајте повеќе информации во текот на овој месец! ☺


Периодов кај вас е актуелно тоа што имате отворен конкурс за целосни стипендии за сите средношколци со просек понизок од 3.9? Што Ве поттикна за еден ваков несекојдневен потег?

Повикот е отворен до 4 март, а секој средношколец со просек под 3.9 има можност да аплицира на следниов линк.

Континуирано работите на многу проекти, па може ли да ни кажете на кој проект сте особено горди?

Навистина сме активни на многу проекти и на секој од нив особено горди. ☺ Изминатата година во март ја лансиравме Скала Магазин како прва студентска платформа за дизајн и современа уметност, отворена за промоција на домашните млади креативци, поврзување на студентите и независните артисти со организациите и компаниите, како и следење и поддржување на културните настани и сцена. Токму овој магазин, првиот роденден ќе го заокружи и прослави со своето прво печатено издание. ☺

Континуирано работиме и на дигитализација на дел од нашите програми преку проектот Smart School, а еден од нашите најголемите приоритет во моментов е претставувањето на Институтот за дизајн и технологија (ИДТ) во јавност. Овој Институт ќе ги обедини сите наши активности и проекти поврзани со едукација, дизајн, технологија и уметност!