СТИПЕНДИСТИТЕ ВЕ ПОВИКУВААТ НА ПОВИК ЗА СТИПЕНДИИ : ) » SKALA School

СТИПЕНДИСТИТЕ ВЕ ПОВИКУВААТ НА ПОВИК ЗА СТИПЕНДИИ : )

1819 Comments off Инфо, кариера


Школата за дизајн и уметност „Џолев и уметностите“ на првиот отворен повик за стипендии, додели 3 целосни и 5 делумни стипендии за уписи на Академиите за дизајн:

Целосни стипендии:

Јован Јосифовски, Aкадемија за моден дизајн:
Ана В’чкова, Академија за визуелни уметности;
Мартина Пенева, Академија за ентериер и продукт-дизајн;

Делумни стипендии (половични):

Андријана Антова, Академија за графички дизајн;
Гаја Смилевска, Академија за визуелни уметности;
Филип Гаговски, Академија за визуелни уметности;
Сара Илиевска, Академија за ентериер и продукт-дизајн;
Стефанија Арсовска, Академија за моден дизајн.

Честитки на сите студенти и им посакуваме продуктивна и креативна учебна година!

СТИПЕНДИИ: ПОСЛЕДЕН ПОВИК ЗА ТВОЈАТА КАРИЕРА

За сите кои го пропуштија нашиот прв повик, а имаат афинитет кон тоа да започнат кариера во креативните индустрии, нашата школа од 24 септември до 10 октомври, отвара нов повик за доделување на десет половични стипендии за учебната 2021/22 на академиите за дизајн:

ПРИЈАВИ СЕ ВЕДНАШ!<<

Со цел да ве охрабриме, да пристапите кон нашиот нов отворен повик за стипендии, решивме поблиску да се запознаеме со некои од нашите стипендисти:



Го прашавме Филип Гаговски, стипендист на Академијата за визуелни уметности, што те мотивираше да се пријавиш на конкурсот за стипендии?

,,Една од главните причини за којашто се пријавив на Академијата за визуелни уметности е тоа што таа опфаќа повеќе теми споредено со другите академии. Како на пример: фотографија, режија, продукција итн. Исто така, и самите ментори кои се дел од тимот, се и познати експерти во своите области. Иако, како веќе вработен графички дизајнер, сепак мислам дека со оваа академија ќе го зголемам своето знаење и исто така, би запознал повеќе луѓе со кои би ширел мислење.”

Со Мартина Пенева, стипендистка на Академијата за ентериер и продукт-дизајн, поразговаравме за нејзиното претходно искуство и зошто токму реши да продолжи со студии на нашата академија. 

,,Додека бев во средно училиште, се запишав на курсот по фотографија во „Џолев и уметностите“, под менторство на Дејан Џолев. Тоа беше во 2016 година. Потоа завршив и постдипломски студии по архитектура, а во меѓувреме бев на дводневна работилница за nude-фотографија
Оваа година, додека ја подготвувам магистерската теза, решив да се запишам на Академијата за ентериер и продукт-дизајн, бидејќи сакам да ги поврзам двете области. Сметам дека сите гранки на уметноста и дизајнот се многу блиски една до друга и можат многу добро да се искомбинираат.”

Се надоврза и Јован Јосифовски, стипендист на Академијата за моден дизајн. 

,,И да не ги оставам на страна делата со ликовна вредност, модниот дизајн е доминантен во мојот труд во форма на модна илустрација. Афинитетот за моден дизајн и костимографија датира многу одамна, дури и кога не знаев што ќе се случува со сите мои цртежи или колажи. Сега имам можност да научам да ги претворам во реалност сите мои идеи за дизајн на облека и костим.”

Додека Стефанија Арсовска, стипендист на Академијата за моден дизајн, ни сподели искуство од тоа како поминало интервјуто за стипендии.

,,Би сакала да се заблагодарам што ја имам честа да бидам дел од Академијата по моден дизајн на „Џолев и уметностите”. Ништо во животот не доаѓа без вложен труд, дисциплина и континуитет. Најпрвин, изработив модно портфолио и аплицирав за стипендија. Бев повикана на кратко интервју, под менторство на професорот Дејан Џолев и наставниот координатор Ангела Николовска. Mи поставија неколку прашања за себе и моето претходно искуство во врска со модата. Потоа го презентирав моето портфолио и сработените дела. Добив прекрасни зборови коишто ми дадоа поголема мотивација за понатамошниот успех.”

ВАЖНО: Кандидатите кои ќе аплицираат, ќе бидат повикани на кратко интервју со координаторите од академиите, пред кои ќе имаат можност да се претстават преку интересот за личен развој и преквалификација или преку портфолија и дела за понатамошно надоградување во дејноста од интерес.

Возможни се два типа на интервју (поделени во две различни категории) и тоа, 1. кандидати со искуство од дејноста и 2. кандидати без претходно искуство. Двете категории имаат различен систем на вреднување. Повеќе информации: 075 268 293 Погледни ги сите детали за програмата, менторите, начинот на одржување и можностите по завршување на Академијата