Визуелни уметности - втора најплатена професија во МКД
Визуелни уметности - втора најплатена професија во МКД според ДЗС

Визуелни уметности – втора најплатена професија во Мкд според ДЗС

Во 21 век сѐ се движи, а технологијата бара сѐ повеќе нештата да „размрдуваат“ и да бидат визуелно предизвикувачки за обичнот гледач, консумент, клиент.

Последните истражувања на Државниот завод за статистика направени во април 2022, велат дека во Македонија најплатени дејности се програмирањето на прво место и дизајн и фотографија на второ!

Работењето во овие дисциплини е навистина длабок процес, но од него ќе можете да зачекорите во неколку различни правци. Индустријата за визуелните уметности поткрепена со новитетите од технологијата, расте рапидно, бара повеќе и повеќе… Вложувањето во видеографија, постпродукција, motion design, видео-продукција, се само дел од новите медиуми на новото време.

Сметајте дека секој ден сме „закачени“ на нашите телефони. Користиме социјални мрежи, стискаме лајкови и снимаме видеа. Сето тоа е само мал влог од наша страна, по инерција на финален корисник. Но, за да дојдеме до тој мета-свет кој го креираат визуелни артисти, има доста учење.


Постоечките професии како визуелен артист, видеограф, 3Д артист, аниматор, фотограф, арт директор, кративен директор, претприемач во креативни индустрии… За сите овие професии постои единствена Академија за мултимедија – и единствена на пазарот! Замислете си ги сите тие различни можности за работа во видео продукции, маркетинг и адвертајзинг агенции, фото и дизајн студија. Опциите се навистина големи, а економскиот бенефит – погледнете ја горната статистика. Особено на локален пазар каде сме во дефицит со овие професии.



Академијата за мултимедија има одлични предмети што можете да ги учите и да се „придвижите“ напред. Можностите се отворени и на пазарот на труд – најголем број од овие креативци во мултимедијалната индустрија се фриленсери, каде бенефитот е поголем, а активноста на работењето е индивидуален процес независен од компанија/фирма/студио/агенција.


Пример за мултимедијално креирање е подкастот “Парк Шема”, кој е автентичен продукт на дел од студентите oд Академијата за мултимедија и уште еден показател дека ваквиот пристап во креирање содржина за дигитални медиуми е иднината, посебно во малите “домашни” продукции, поради можноста за монетизација на отворените видео платформи.



Важно е дека во индустријата се бара МУЛТИДИСЦИПЛИНАРНОСТ, еволуција во секоја смисла, затоа што нештата брзо се менуваат и промените бараат адаптација. На Академијата за мултимедија се учат многу различни сегменти, кои се во склоп на создавање профил на иден вработен во индустријата по негов наратив и афинитети. Постојат вмрежувања и корелации во професиите, а надградбата е клучна, затоа што индустријата оди напред и постојано се учат нови нешта.


Уписите за Академијата за визуелни уметности се во тек! Информирајте сѐ повеќе за програмата, менторите и начинот на одржување: тука.