Студентите од Академијата за моден дизајн дел од Скопски моден фестивал
Скала џолев акадмија за моден дизајн

Студенти од Академијата за моден дизајн се претставија на Скопски моден фестивал

721 Comments off Moден дизајн, Академии, Студенти


Втората сезона на најпознатата модна манифестација во земјава, Модниот фестивал, започна на 10ти ноември, а ќе трае до 20ти ноември. На овој настан, ја имавме честа и можноста да учествуваме со креации од нашите студенти од генерацијата 2021/22 на Академијата за моден дизајн, односно да ги претставиме нивните дела во текот на ревиите и како дел од поставката во шоу-румот.


Под менторство на Александар Ношпал и Никола Булески Буле, со свои впечатливи креации се претставија студентите: Марија Трајковска, Ангела Спасовска, Милица Димитријевиќ, Луна Аврамовска и Ива Ивановска.

Со теми како либерализмот, женските движења и ослободувања, девојките покажаа дека новите генерации размислуваат за модата не само како израз, туку и како можност да пренесат порака. Cекоја од нив го претстави својот стил кој освен што е поблизок до помладата генерација, претстави и еден нов бран женственост.

И дигиталните модни медиуми ја споделија веста за настанот, а некои од нив забележаа:

Крајот на првата вечер бликна во светлото на идната генерација македонски дизајнери, студентите на Академијата на моден дизајн при Школата за дизајн, уметност и технологија – „Скала” [поранешно „Џолев и уметностите”] кои на оригинален моден начин ги нанижаа своите креации пред сите присутни на ревијата – се вели во натписот на Fashionel.mk

Студентите се претставија рамо до рамо со дизајнерите како Маја Кикириткова, Роберт Ивановски, Сара Реџиќ и модната куќа Елена Лука.  Сите овие денови, атмосферата во Сити Мол беше во знакот на светлината под слоганот „Can you feel the light?!”, а нашите фотографи Антонио Станков и Марко Вилиќ, заедно со видеографката Стефанија Караџовска, ги „ловеа“ најважните кадри од настанот.

Во натписот на Stylist.mk, пак дадоа одличен коментар за нашите студенти.

Инспирирани од претходните декади, застапеното либерално движење со панкерска нота, петте студентки, Марија Трајковска, Ангела Спасовска, Луна Аврамовска, Милица Димитријевиќ и Ива Ивановска навестија експериментални трендови што не влегуваат во рамките на секојдневната мода. Истовремено, креациите блиски до студентите се блиски до помладите генерации, па во фокусот беа смели комбинации од каро здолниште и блузички од тантела и ракавици.

Погледнете што се случуваше на модните писти!