Кои сѐ фотографи го посетуваа курсот по фотографија?
Кои сѐ фотографи го посетуваа курсот по фотографија? - Скала- Џолев и уметностите

Кои сѐ фотографи го посетуваа курсот по фотографија?

6573 Comments off Инфо, кариера, Фотографија

Светот без фотографија би бил нем, а безброј историски мигови, нашите лични и колективни настани не би биле сведочени, визуелно раскажани. Светот без фотографија е незамислив!

Мал вовед…

За да ви приближиме што значи фотографијата во современ контекст, решивме да ви претставиме низа наши поранешни ученици, кои првите фотографски чекори ги направија токму на нашиот курс по фотографија.

Денес тие фотографираат најразлични сегменти и типови: од семејни до модни, портрет и продукт фотографии. Но, не само тоа. Дел од нив се активни во изразот со концептуалната, слободна и филмска фотографија.

Курсот по фотографија оваа пролет ќе се одржи по 28 пат. Учесниците на курсот имаат можност креативно да ги искористат вредностите на фото-камерата, од технички (бленда, експозиција, исо, баланс…), ликовен (композиција, боја, контраст, текстура…) и драматуршки аспект, како и запознавање на сите типови на светло и светлосни околности.



Горан Поповски е посветен на модна фотографија под името „HLVK“ во која примат има женската фигура, симетрија, чистите, понекогаш бизарни „вресоци“ низ експресиите и киборг естетиката. Визуелен спектакл низ бои, форми и играта со светлина. Некои од неговите фотографии изгледаат како уметнички дела. Во моментов работи и живее во Белград.



Антонио Станков работи модна и портретна фотографија во која естетската игра на гламурозност и бои го прават прецизно „око“ за динамични кадри. Во неговото „Studio1“ се фотографираат некои од најпознатите домашни инфлуенсери, модели, јавни личности и брендови. Освен со фотографија, тој се занимава и со фото продукција и е ментор во „Скала“ Школата.

Тој за искуството со фотографијата и во Школата вели:

Фотографијата за мене е прекрасен процес на постојано откривање нови можности. А преку искуството со Скала Школата и курсот по фотографија, сфатив дека оваа визуелна уметност многу ме интересира и имам чувство за кадар, агол, светлина. Ќе кажам дека мојот тип на фотографија е поврзан со луѓе и тука комуникацијата со моделите е особено важна за да го добиете посакуваниот ефект.


Даниел Чуклев е фотограф чија работа има „вкус и мирис“. Ориентиран на продукт фотографија и естетика на фотографирање храна и оброци, неговиот профил на Инстаграм е за плакнење очи. Освен меракот за фотографирање, тој е и самиот сладокусец и долгогодишен food блогер кој несебично ги споделува рецептите преку фотографиите.



Искористија оваа пролет!

+ 10% попуст за плаќање на целиот износ
+ или плаќање на 4 месечни рати 

Тања Џон која работи семејна фотографија во сопственото студио „Маруди букс“, почнала да се занимава со фотографија пред шест години и примарно фотографирала трудници, знаејќи дека идните мајки сакаат да го зачуваат секој спомен. Потоа почнува да ги фотографира и нивните бебиња… И приказната станува магија која трае и денес. Таа е една од нашите први ученици во генерацијата 🙂


Жарко Дебни е исто така еден меѓу првите кои ја посетуваше нашата работилница за фотографија и сега е сопственик на фото студиото PhotoFactory, кое е специјализирано во фотографирање новороденчиња, малечки бебиња и деца. Има деценија искуство на пазарот и како што самиот вели „сака да игра“ со кадрите и апаратот.


Небојша Петревски е сопственик на Procam студиото за event фотографија, односно специјалност му се фотографирања на свадбени веселби и свечености. Него го прашавме какво му е искуството со фотографијата, преку неговата моментална окупација:

Фотографскиот бизнис е многу специфичен бидејќи секој различно гледа на фотографиите. Мојата приказна трае веќе 8 години и клучен фактор е трудот, времето и љубовта кон работата. Освен „остро око“, треба да имаш и сенс за предвидување на моментите, да чекаш вистински миг да „уловиш“ фотографија, да си брз и ведар – луѓето околу себе можеш да ги привлечеш со позитивна енергија која потоа ќе се пренесе на фотографиите.

Свадбената фотографија е предизвик за секој професионален фотограф, а и за мене. Потребна е целосна фокусираност и позиционираност, во зависност од движењето, светлината, емоцијата. Покрај свадбената фотографија, љубител сум на пејсажна фотографија и фотографирање со дрон.

…но и искуството како наш поранешен студент.

На часовите во „Скала“ школата, првпат се сретнав со поимот „фотографија“ и уживав во атмосферата. Се пронајдов себеси и сфатив дека тоа е тоа што сакам да бидам – фотограф до крајот на животот.

Веруваме дека фотографската работа е пред сѐ визуелна авантура – никогаш не се знае што ќе излезе во мигот на „чкрап“-от. На овие четири различни категории авторки кои беа дел од нашата Школа, фотографиите се со специфичен и автентично различен извор, вистинска визуелна авантура.


Наташа Величковска е по професија стоматолог, но љубовта кон фотографијата зборува колку оваа уметност знае да те зграпчи и да направи чуда во твојот креативен свет. Нејзините фотографии се како од светски модни едиторијали со убави лица и урбана естетика.

Искористија оваа пролет!
+ 10% попуст за плаќање на целиот износ
+ или плаќање на 4 месечни рати 


Мартина Пенева е градска диџејка, вљубеник во концептуалните уметности, а низ фотографијата ја рекреира суптилната „Венерина“ убавина на женското тело, ум и состојба. Освен тоа, го „фаќа“ градот, небото, убавините на природата и личната перцепција за реалноста.

Мартина Салова – Чешновар во својот фотографски израз ја раскажува женственоста и бајковитоста и мистичноста на моделите. Нејзината лична желба е да ја открива фотографијата преку модата, естетиката на приказната што ја раскажува и моќта на женската убавина.  


На курсот по фотографија беше и нашата режисерка и кандидат за Оскар, Тамара Котевска чие око „зграпчува“ мигови што изгледаат како раскажани светови. Природно за една режисерка и собирач на идеи, таа фотографира сѐ што е убаво и важно да продре како порака до светот.


>> Биди дел од 28-та група, уписите се во тек! Резервирај го твоето место: тука.

+ + Провери ги нашите едногодишни Академии за дизајн.