Студентски осврт сo Ана, Андреа, Немања и Андреј I Skala

Студентски осврт сo Немања, Андреј, Андреа и Ана, студенти на Академијата за графички дизајн, UX/UI+ дизајн и визуелни уметности

2663 Comments off Инфо, Студенти


Разговаравме со нашите студенти Немања Пејиќ, Андреј Стамевски, Андреа Ангеловска и Ана Попоска, студенти на Академијата за графички дизајн, Академијата за UX/UI|+ дизајн и Академијата за визуелни уметности, за нивните семестрални проекти по предметот илустрација: „Филмски постер” под менторство на Зоран Кардула и Андреј Павлов.


За изборот на делата, нивното влијание и искуството со менторите и низ академските часови, студентите ни открија интересни, уникатни детали. Сите четворица избраа дијаметрално различни теми за нивните филмски постери.


Филмски постер Ана Попоска Скала школа за дизајн
„Gummo“ – Ана Попоска


Го избрав ова дело затоа што…

Ана: Тоа што „Gummo“ беше последниот филм кој го гледав и ми остави огромен впечаток. Како завршна задача по предметот motion graphic имав да направам анимација на истиот, такашто пред да почнам да работам на илустрацијата, имав идеја како би изгледала анимацијата.

Немања: Се одлучив за ова дело поради приказната и самата порака која ја пренесува филмот.

Андреј: Целта ми беше да создадам дизајн кој ја доловува суштината на ликот од Breaking Bad, Џеси Пинкмен, а истовремено да пренесува порака поврзана со употребата и ефектите на метамфетамин. Полигоналните форми се сиже на целиот концепт, бидејќи кристалниот метамфетамин има иста таква форма при обработка преку спојување на елементите Бромин (Br) и Бариум (Ba). Боите се живописни, и го претставуваат дејството на супстанците.

Андреа: Се одлучив за ова дело од причина што овој цртан филм („101 Далматинец“) ми е еден од омилените и сакав да го претставам во моја перспектива.



„101 Dalmatians“ – Андреа Ангеловска



При процесот на креирање, се соочив со…

Андреј: При процесот на креирање секој дизајнер се соочува сам со себе, односно со своите стравови, вредности и предрасуди. Тој мора да биде подготвен да излезе надвор од сопствената комфор зона и да презема ризици за да создаде нешто навистина уникатно и инспиративно.

Немања: Процесот на креирање за мене беше експериментирање! Експериментирав многу со композиција, фонт, бои… За да стигнам до посакуваната и секако подобра целина. 

Ана: Напор, напор и напор! И за илустрацијата и за анимацијата. Многу често не сакав да продолжам и сакав да го прекинам процесот. Но, се себемотивирав и мотивот кога конечно го завршив и видов делото – неописливо добро чувство.

Андреа: Речиси и да немав потешкотии во текот на процесот, бидејќи навистина уживав во креирањето на овие дела.


„Breaking Bad“ – Андреј Стамевски


За соработката при процесот, за менторите би сакал/а да кажам…

Ана: …Дека имав одлична соработка! Начинот на кој Кардула предаваше беше многу јасен, лесен и разбирлив. Работата со Illustrator ме плашеше пред да почнам, но многу брзо го совладав.

Андреа: Менторите ми беа огромна поддршка и би сакала да кажам дека некои од нив комплетно се посветија на моите дела за помош и корекција, нешто што најмногу го ценам и ми е потребно.

Андреј: Едноставно уживав во соработката со менторите, ме охрабрија да ги реализирам сите мои идеи!

Немања: Moрам да кажам дека менторот Зоран Кардула преку јасни консултации и корекции ми помогна во процесот на изработка на ова дело. Неговите концизни насоки ми помогнаа постерот да проникне низ сижето на филмската лента и да ја претстави суштинската улога на прикажаниот предмет.


ПОГЛЕДНИ ПОВЕЌЕ ЗА СИТЕ 6 АКАДЕМИИ ЗА ДИЗАЈН [ТУКА]
Академија за графички дизајн
Академија за UX/UX+ дизајн
Академија за визуелни уметности
Академија за моден дизајн
Академија за ентериер и продукт дизајн
Академија за фотографија


„The Wolf of Wall Street“ – Немања Пејиќ


Другарски совет за сите оние кои сакаат да се запишат на Академија во Скала

Немања: Ако ве привлекува дизајн, ако имате желба да научите да дизајнирате, GO FOR IT. Навистина е нешто каде што можете да изразите дел од себе и да работите нешто интересно и забавно.

Андреј: „Not all those who wander are lost“ 😊
Искористете ја секоја прилика да се посветите на индивидуален развој како дизајнери. Не плашете се да експериментирате со нови техники и стилови, но најважно од сѐ е да уживате во процесот.

Андреа: Следете ја својата имагинација и барајте примери преку кои ќе си ги реализирате вашите идеи.