Студентски осврт сo Маја, Тони, Тиана и Mихаела | Skala

Студентски осврт сo Маја, Тони, Тиана и Mихаела, студенти на Академијата за моден дизајн

2992 Comments off Инфо, Студенти




Разговаравме со нашите студенти Mаја Матлијоска, Тони Петрушевски, Тиана Јовиќ и Mихаела Штерјова, студенти на Академијата за моден дизајн , за нивниот првосеместрален проект на темата „Шкотско каро“ на кој работеа под менторство на Никола Булески-Буле и Александар Ношпал.



Сите четворица тргнале во различен правец од една заедничка точка, материјалот „шкотско каро“. Овој патерн има безброј можности за реализација кога треба да осмислите модел на здолниште. Нашите студенти размислувале на неколку различни теми: современа, традиционална, панк и филмска презентација на нивните модели. Затоа, здолништата се направени по четири различни, а автентични идеи.


Тиана Јовиќ, инспирација од серијалот „Stranger Things“


Се одлучив за оваа тема/идеја поради…

Тиана: Оваа тема ја одбрав, бидејќи серијата „Stranger things” постигна огромна популарност и ме освои по само првата епизода. Инспирирана бев од вистинската љубов и несебичност помеѓу групата пријатели (којашто денес во реалниот свет е ретка) како водечка сила којашто резултираше со храброст и истрајност и ги мотивираше да се борат и да го заштитат нивниот град и самите себе.

Сакав мојата креација, како и самата серија, да биде уникатна и оригинална – да отстапам од нешто коешто се смета за вообичаено. Според мене – тоа е голем дел од патот до успехот.

Маја: Се одлучив за оваа тема поради желбата да искажам како луѓето во денешницата се соочуваат со голем број препреки, позитивни и негативни, исто како и на шаховското поле. Црно и бело. Како во Queen’s Gambit 🙂

Михаела: Се одлучив за оваа тема, бидејќи отсекогаш сум сакала бунтовни жени, жени кои имаат самодоверба, револуционерки. Тој тип на жена не се плаши да го искаже своето мислење, да има свој став, се двои од општеството и не се труди да се вклопи во истото. 

Како таков карактер на жена ја одбрав актерката Руни Мара во улога на Лизбет Саландер во филмот/книгата ,,Girl with the dragon tattoo’’ која претставува главна инспирација во мојата колекција ,,Delinquent’’.

Тони: На тема ,,Шкотско каро”, зададена од проф. Ношпал, имавме задача да направиме колекција на здолништа, вметнувајќи го карото во нашите дизајни. Темата ја поврзав со кралското семејство, односно со бракот помеѓу принцезата Дајана и принцот Чарлс. Нивната упорност и потреба од развод, заедно со нивниот бунт којшто низ годините се зголемува, на крајот успеваат да ги поместат границите и законите на монархијата и црквата.

Токму тој бунт мене ме инспирираше за создавање на оваа колекција којашто ја нареков ,,MOMENTUM”. Во овој случај, се работи за емоционална состојба којашто трае извесен временски период, којашто нѐ доведува до моментум. Емоции коишто ги потиснуваме во себе, ги задржуваме во нас, се таложат и прераснуваат во нешто многу поголемо. На нас останува да го избереме патот по којшто ќе се движиме. Дали ќе продолжиме да ги потиснуваме? Или ќе собереме храброст и ќе се соочиме со истите?

Тони Петрушевски, инспирација од кралскиот развод на Чарлс и Дијана


При процесот на креирање, се соочив со…

Маја: При процесот на креирање, се соочив со мало чувство на сомнеж и огромна амбиција дека ЈАС МОЖАМ. 

Михаела: Морам да кажам дека се соочив со потешкотии од разно потекло, но бев упорна и брзо ги надминав истите!

Тони: На почетокот на семестарот, се соочував со адаптирање на самите предмети и ментори и сите активности што следат со самата академија. Од друга страна, се соочував и со понапорна агенда во текот на денот, бидејќи напоредно и работам, но секако учиш како да ги балансираш обврските… 😊

Тиана: При процесот на креирање, се соочив со секакви предизвици, успони, падови и многу емоции. Од немање идеја како да се почне до имање милион идеи и проблем со тоа каде да се насочам, од денови во коишто сѐ оди под конец, до денови во коишто и наједноставните задачи ми изгледаат како преголем залак.

Нема да кажам дека е лесно, но со сигурност можам да кажам дека вреди.



Михаела Штерјова, инспирација од панк-рок субкултурата



За соработката при процесот, за менторите би сакал/а да кажам…

Маја: Имам само позитивни мислења за нив, исто како што професорите ме поддржаа и мотивираа да работам на тема којашто навидум ми изгледаше „невозможна”. Но, при процесот на работа, сфатив дека зборот „невозможно“ го нема во речникот на успехот.

Михаела: Менторите ми беа од огромна помош при решавање на проблемите коишто се појавија низ процесот на креирање модно досие и модна колекција. Тие беа многу посветени и успешно ни го пренесоа нивното долгогодишно знаење и искуство. 

Тони: Со помош на индивидуални разговори со менторите, со цел разработка на нашата тема, односно разработка на шаблоните на здолништата од колекцијата, многу ни помогнаа за полесно соочување со предизвиците.

Тиана: Сакам да истакнам дека сум благодарна што имав можност да ги запознам како луѓе, а уште поблагодарна сум што добив шанса да ги имам како ментори.

Секој е посебен карактер и секој има свој начин на работа и токму тоа сметам дека ќе биде клучниот фактор за справување и соработка со различни клиенти во понатамошните работни искуства.


ПОГЛЕДНИ ПОВЕЌЕ ЗА СИТЕ 6 АКАДЕМИИ ЗА ДИЗАЈН [ТУКА]
Академија за графички дизајн
Академија за UX/UX+ дизајн
Академија за визуелни уметности
Академија за моден дизајн
Академија за ентериер и продукт дизајн
Академија за фотографија


Маја Матлијоска, инспирација од серијалот „Тhe queen’s gambit“



Другарски совет за сите оние кои сакаат да се запишат на Академија во Скала

Маја: Да не се мислат воопшто и да немаат ни најмал сомнеж ако одберат студии на Академијата затоа што, студирајќи на моден дизајн, знам дека најдоброто допрва доаѓа!

Михаела: Не двоумете се! За мене, модата претставува најубава уметност на светот. Во модата нема правила. Мора да бидете креативни и свои, бидејќи само така ќе се издвоите од останатите. 

Тони: Би ги советувал да не се двоумат и да се запишат. Да веруваат во себе и да се охрабрат да го направат овој чекор.

Тиана: Не го чекајте правилното време, создадете го! Некој би рекол дека е доволно само да имате визија, овде би сакала да надополнам –  подгответе се макотрпно да работите и верувајте во своите соништа!