Што сѐ се случува на програмата „Обука за филм и филмски актер“?
обука-за-филм-филмски-актер-скала-џолев-и-уметностите

Што сѐ се случува на програмата „Обука за филм и филмски актер“?

Кога филмската магија ќе го обземе креативецот, тешко го напушта. Филмската уметност е незаобиколен дел од светската индустрија, полна возбуда и предизвик. Да се пренесе животот и идеите на филмското платно е вистинска моќ . А без актери – нема ни филм. Без подвижни слики – нема ни раскажана емоција.

Токму затоа, нашата програма „Обука за филм и филмски актер“ е од значителна важност кога станува збор за можностите неформално да ги поминете сите класични актерски процеси и да бидете дел од една активна актерска сцена. Да се биде актер, значи да се поседува креативност, да се развиваат вештините и да се биде посветен во наставата, а најважно од сѐ е да се пристапува со љубов и љубопитност.

Мал вовед…

НОВАТА ГРУПА ЗАПОЧНУВА НА 19 MAРТ

Обуката за филм и филмски актер ќе се одржи по 20-пат и во досегашните 11 години се обучени преку 200 актери. Голем дел од нив денес се професионални актери, режисери, драматурзи, театролози или друг тип филмски и театарски работници. Оваа програма е под менторство на режисерката Теа Беговска, во соработка со филмскиот режисер Дејан Џолев, како и во соработка со универзитетски професори.

ШТО СЕ СЛУЧУВА НА ПРОГРАМАТА?


Учесниците на Курсот за филм и филмски актер добиваат клучни насоки низ практичен актерски процес, преку којшто ќе се запознаат со основните актерски методи и принципи. Вежбите за имагинација, емоција, импровизација, работа на мизансценски континуитет, како и сценски говор, техника на игра пред камера се дел од широката можност да остварите практично знаење што може да ве води до следниот чекор.

Кога завршува програмата, актерите имаат завршна филмска премиера на големото филмско платно во „Кинотека на Р.С Македонија“, а секој учесник добива сертификат, кастинг CV и кастинг-фотографии. Целосен пакет за чекор до остварување на сништата!

КОН ВИДЕАТА…

Погледнете ги овие видео етиди од последната група актери. Се работи за филмски ненаративни етиди во ентериер и наративни етиди во студио. Снимани се со помош на менторите на програмата и филмската екипа зад камерите, опрема за светло и звук.

Уживајте:


>> Биди дел од 20-та група, уписите се во тек! Резервирај го твоето место: тука

Во текот на програмата, учесниците изработуваат свој кастинг-бук со којшто аплицираат на отворени кастинзи за снимање реклами, играни и сериски филмови.

Пријавувањето за новата група е во тек! Пријавете се тука.

Останати се уште неколку места – побрзајте да си резервирате одлична можност за актерска и филмска магија.

+ + Провери ги нашите едногодишни Академии за визуелни уметности.