+ 17 ОБУКИ И КУРСЕВИ ОД ОБЛАСТА НА ДИЗАЈНОТ И УМЕТНОСТИТЕ » SKALA School

+ 17 ОБУКИ И КУРСЕВИ ОД ОБЛАСТА НА ДИЗАЈНОТ И УМЕТНОСТИТЕ

885 Comments off кариера, Професори, Студенти


„Пролет бргу ќе дојде! Време е за будење!
 17 курсеви за дизајн и уметност!“


Школата за дизајн и уметност „Џолев и уметностите” официјално започна со уписи, на 17 едукативни програми, во вид на обуки и курсеви, под строго дефинирани услови и мерки за безбедна и продуктивна настава.

„Оваа деветнаесетта сезона, секој креативец има можност за индивидуално учење „еден на еден“ со ментор. Секој учесник според сопствената потреба и желба, може да креира едукативна програма, самиот да одбере ментор, услови на работа и фонд на часови, се разбира со наша помош, или конкретно по темелна анализа за потребата од страна на нашиот наставен совет.“ изјави Ангела Николовска, наставен координатор на „Џолев и уметностите“

Секој студент може да избере дали курсот ќе ја следи со физичко присуство на целата настава, во однос на теоретскиот и практичниот дел, или пак ќе одбере комбинирана настава, или пак целосно ќе ја следи програмата онлајн.



КАТЕГОРИЈА // ГРАФИЧКИ + МОУШН ДИЗАЈН + 3Д МОДЕЛИРАЊЕ

ОБУКА // Adobe Premiere Pro / старт: 15 март / ментор: Дејан Смилевски / 30 часа
ОБУКА // Adobe After Effects / старт: 16 март / ментор: Петар Џон / 30 часа
ОБУКА // Adobe Illustrator / старт: 06 март / 24 часа
ОБУКА // Adobe Photoshop / старт: 06 март / ментор: Дејан Џолев / 30 часа
ОБУКА // Fusion 360 + Cura / старт: 15 март / ментор: Валентин Данилоски / 30 часа




КАТЕГОРИЈА // ФИЛМ + ФОТОГРАФИЈА

ОБУКА // Филмски актер / старт: 07 март / ментор: Tea Беговска / 30 часа
ОБУКА // Фотографија / старт: 06 март / ментор: Драги Неделчевски / 30 часа
ОБУКА // Постпродукција и монтажа на фото. / старт: 06 март / ментор: Дејан Џолев / 30 часа
ОБУКА // Филмска и ТВ режија / старт: 14 март / ментор: Дејан Џолев / 36 часа
ОБУКА // Филмска и ТВ монтажа / старт: 15 март / ментор: Дејан Смилевски / 30 часа




КАТЕГОРИЈА // МОДЕН ДИЗАЈН

ОБУКА // Кроење и шиење / старт: 13 фев. / ментор: Маре Трајковска / 24 часа
ОБУКА // Плетење / старт: 13 март / ментор: Никола Ефтимов / 20 часа
ОБУКА // Дизајн на модни додатоци / старт: 13 март / ментор: Никола Ефтимов / 20 часа




КАТЕГОРИЈА // УМЕТНОСТ

ОБУКА // Цртање и сликање / старт: 14 фев. / ментор: Доротеј Нешовски + Маргарита Симовска / 30 часа
ПРЕДАВАЊА // Естетички дискурси / старт: 15 март / ментор: Небојша Вилиќ / 24 часа
РАБОТИЛНИЦА // Технологија на печатарски техники / старт: 01 јуни / ментор: Александар Наумоски / 15 часа
ПРЕДАВАЊА // Интелектуална сопственост / старт: 14 јуни / ментор: Кристина Крагујевска




КАТЕГОРИЈА // KIDS

8 – 14 год. // 3 возрасни групи
целосно онлајн настава

ОБУКА // Драмски актер / ментор: Сара Анастасовска + Даријан Петров
ОБУКА // Цртање и сликање / ментор: Доротеј Нешовски + Маргарита Симовска





_______
МЕРКИ ЗА БЕЗБЕДНОСТ: Секој студент може да избере помеѓу:
1. Физичко присуство на цела настава (теоретски и практичен дел);
2. Комбиниран начин на учење (теоретскиот дел ќе го следи онлајн, практичниот дел со физичко присуство);
3. Целосно онлајн;
// Наставата се одвива следејќи ги сите превентивни мерки пропишани од Министерството за здравство.

_______
ОПРЕМА И УСЛОВИ: Единствена школа за дизајн и уметност којашто им овозможува на студентите: современо фото и видео студио, технолошка лабораторија со таблети за цртање и 3Д­ принтери, цртачко и сликарско ателjе и материјали за работа, комплетно опремено модно ателје.

_______
МЕНТОРИ И НАСТАВА: Преку нетрадиционални и флексибилни едукативни методи на настава во соработка со еминентни универзитетски професори и професионалци од дејностите.

_______
ЏОЛЕВ И УМЕТНОСТИТЕ
9-та година Школа за дизајн и уметност
075 268 293
www.djolevandthearts.edu.mk