РЕТРОСПЕКТОР: Сите се распуштија нашите студенти абер немаат... »

РЕТРОСПЕКТОР: Сите се распуштија нашите студенти абер немаат…

2215 Comments off Инфо


НАШИТЕ СТУДЕНТИ…


1. Филмска премиера на големото платно во Кинотека на Македонија

Горди сме на студентите кои ни го овозможија задоволството да ги гледаме на големото филмско платно во летното кино на Кинотека на Македонија. Уживавме со пуканки и ладен пијалак на шесте филмски премиери: „Вчера што ми се случи“ – среднометражен игран филм, под менторство на Теа Беговска, од обуката за филмски актер, „Paradox” во режија на Александар Томовски од обуката за филмска режија, филм којшто во меѓувреме учествуваше на повеќе од 50 интернационални филмски фестивали и освои десетици награди, како и филмовите „Аgeisam” во режија Анде Јанков, „Blindness” во режија на Софија Христовска и „Date” во режија на Оливер Милески.



2. Студентите од академиите за графички дизајн и визуелни уметности на работен семинар во Маврово

Уредниците на студентската платформа за дизајн и современа уметност „Скала магазин“, секогаш се поттикнати да работат на нови проекти и содржини. Овој месец, беа дел од тридневниот тренинг организиран од „Young Cities” каде што ја подготвуваа летната уредувачка содржина и политика. Следете нѐ!


3. Изложба на фотографии

На 12 јуни, јавно се претставија 19 студенти по фотографија на групна изложбена поставка на концептуална фотографија. Под сите мерки и протоколи и задолжителни ладни пијалаци 🙂 


4. Алумни-студентките на Академијата за моден дизајн -дел од модна ревија организирана од британската кралица Елизабета II

Академијата за моден дизајн, отвара многу можности, а доказ за тоа се и алумни- студентките Ева Поп Таневска и Мирјана Јосифоска кои беа дел од еко – ревијата во Музејот на современа уметност во Скопје каде што беше одбележан Националниот ден на Обединетото Кралство во чест на роденденот на кралицата Елизабета Втора. Дел од дизајните беа наменети и за британскиот заменик – амбасадор Доминик Отвеј.

Честитки Мирјана и Ева, ви посакуваме многу успешни ревии!


5. Студентот Мартин Николоски го промовираше новиот продукт

Мартин Николоски – студент од Академијата за графички дизајн, овој месец го промовираше својот најнов продукт, MX.TYPO. Се работи за персонализиран збор или порака, изработени од метелна мрежа и арматура. Воедно, тој изработува и персонализирани мрежи, а ни најави и нов продукт за блиска иднина – MX.FEMME.


6. Асистентот Антонио Станков, неуморно создава

Асистентот и алумни-студентот при Академијата за визуелни уметности, Антонио Станков, е неуморен кога се работи за модни фотографии! Изминатиот месец, меѓу другото, работеше фотоедиторијал за модниот дизајнер Давид Стојановски.



7. Студентот Андреј Павлов за Sturm und Drang

Особено сме горди на нашиот студент Андреј Павлов, кој го изработи целосниот визуелен идентитет на Интернационалниот фестивал „Sturm und Drang“! 





НАШАТА ШКОЛА…


8. Уписи за академска 2021/2

Започнаа уписите на најобемните академии за дизајн! Заедно со Институтот за дизајн и технологија – ИДТ, го означивме стартот на академиите за дизајн:

Почеток: 15 октомври 2021

Крај: 15 јули 2022

  • Завршна изложба и презентација пред компании
  • Заштеда од 300 евра за уписи до 15 јули!

Започни кариера преку нашите академии за дизајн!



9. Аплицирај за стипендија!

На овој повик, нашата школа во соработка со Институтот за дизајн и технологија ќе додели вкупно 9 стипендии, од коишто 4 целосни и 5 полустипендии за учебната 2021/22 на академиите за дизајн:

ГРАФИЧКИ ДИЗАЈН

ЕНТЕРИЕР И ПРОДУКТ-ДИЗАЈН

МОДЕН ДИЗАЈН

ВИЗУЕЛНИ УМЕТНОСТИ

ВЕБ-ДИЗАЈН


НАШИТЕ МЕНТОРИ…


10. Дејан Џолев, селектор на Sturm und Dang Festival

Основач и ментор при нашата школа, Дејан Џолев, кој воедно е визуелен уметник и филмски режисер, ќе биде во друштво на Никола Маџиров и Емин Џијан, како еден од тројцата селектори на програмата „Нов бран“, на Интернационалниот театарски фестивал Sturm und Dang Festival. Погледнете повеќе на следниот линк!


11. Теа Беговска, креатор на фестивалот Sturm und Drang

Нашата менторка на обуката за филмски актер, Теа Беговска, е креатор на фестивалот “Театарски европски алтернативи” -STURM UND DRANG. Фестивалот оваа година ќе го доживее своето прво издание во коешто ќе понуди богата интернационална програма, претставувајќи театарски европски продукции во доменот на алтернативната сцена. Низ мотото на фестивалот – ПРОДОР – ќе се претстават и уметници од нашата држава. 


_____

Погледни што се случуваше во месец мај.

Уписите за новата Академска 2021/22 година се во тек.