Нашите „Скала“ студенти се вработија! - Џолев и уметностите
вработувањеакадемии за дизајн скала џолев и уметностите

Нашите „Скала“ студенти се вработија!

Преку 60 студенти од Скала-Школата за дизајн, уметност и технологија, летово ја имаа можноста откако ги завршија циклусот студии, да влезат во работна примена на своите знаења во различни компании.

Издвојуваме тројца од нив кои веќе се во работна атмосфера и ни раскажаа какво им е искуството периодов додека се во различни компании.

Ја прашавме Елена Трајкова, наша студентка на Академијата за визуелни уметности која е веќе на работа во маркетинг агенцијата Division. Исто така, зборувавме и со Дејан Ичев, студент на Академијата за графички дизајн кој работи во маркетинг агенцијата Кликер. Како се чувствува на работа и кои и се активностите, ни сподели и Бисера Гиновска, студентка на Академијата за UX/UI, која во моментов работи во мултидисциплинарното дизајн студио Fabricca.


Елена Трајкова


Елена за работата во Division сподели многу позитивни впечатоци. Таа вели:

Маркетинг агенцијата Division e супер место за работа. Таа е одлична работна средина со многу кул луѓе кои се супер креативни и расположени во секој миг да ми објаснат кога нешто не ми е јасно. Компанијата има тимски дух и тимската работа е многу важна – на секој проект се работи заеднички и секој може да придонесе, што за мене е многу добро бидејќи имам можност да научам повеќе за креативните процеси на работата. Многу сум задоволна бидејќи сакав динамична работна атмосфера и средина, и во токму таква и се најдов.

Division е маркетинг агенција со преку 20 години творечко постоење, почнувајќи од 2001 година. Освен што ја водат кампањата за првата македонска стриминг платформа Gley, тие имаат преку 40 клиенти со кои соработуваат.


Дејан Ичев


Дејан пак, сподели и интересно искуство во однос на она што веќе е важно во процесот на работата – а тоа е дизајнот и креативата да бидат допадливи не само на тој што ги прави, туку и на клиентот.

Кликер Маркетинг е агенција за адвертајзинг и маркетинг која веќе 15 години е пионер во областа на маркетирањето на FMCG and HoReCa секторот.

Работата како графички дизајнер досега се покажа преинтересна. Секојдневно се среќавам со нови предизвици кои бараат максимална посветеност и многу трпение. Во однос на работењето најмногу ме радува тоа што после секоја успешно завршена задача се чувствувам мотивирано и исполнето. Разликата од времето кога бев студент и сега кога работам е тоа што на работа морам да размислувам многу побрзо и побрзо да ги решавам проблемите. Уште една разлика е тоа што сега дизајнот на кој што работам мора да му се допадне и на клиентот, а не само на мене 😄.

Воопшто не се чувствувам изгубен како што првично мислев дека ќе бидам кога ќе почнам со работа. Советите што ги добив од менторите за време на предавањата се покажаа како многу битни бидејќи сега секојдневно ги применувам во текот на работата.


Бисера Гиновска


Убави впечатоци ни сподели и Бисера која во Фабрика студиото за дизајн почнала со работа по интересна „игра на случајности“.

Fabricca студиото за дизајн постои како докажано арт-дизајн студио со многугодишна работа на различни креативни процеси, од принт, до motion и графички дизајн.

И покрај смешните прашални погледи кои следат после одговорот дека работам во „фабрика“, работата во Fabricca agency е најубаво работно искуство кое што сум го имала досега. Уште не знам како, ама некако ги освоив со искрен мејл кај што им напишав дека ми се „симпатија“ години наназад и дека сакам „да се фатиме“ (за работа, duh) и така почна авантурата.

Од овие неколку месеци работење рамо до рамо со генијални дизајнери, или можеби, повеќе ѕиркање преку рамо во нивните проекти и учење “how it’s done“, можам само да им кажам едно големо благодарам зашто ми покажаа дека некој во нашава земја не само што работи дизајн беспрекорно, туку и дише, живее, чувствува дизајн, а нивната работа е „среќна последица“ на сево ова.


И ние се радуваме со вас, девојки и момци!
Продолжете да бидете кул и учете, создавајте, менувајте се и секогаш уживајте во професионалната надградба!

✰ ✰ ✰

Уписите за новата Академска 2022/23 година се во тек.

Уписите за 14 обуки од областа на дизајнот, уметностите и технологија се во тек!