ДИЗАЈН НА МОДНИ ДОДАТОЦИ
Со оваа програма студентите ќе ја совладаат методологијата на дизајнерска работа на модни додатоци, започнувајќи од анализа на целната група и начини на интерпретација на инспирацијата/темата, преку спецификите на технолошкиот процес за производство на одделни модни додатоци, до развој на финални дизајнерски решенија и нивна презентација во портфолио (илустрација и технички цртежи) и насоки за презентација на пазар, преку симулирани ситуации. Воведните предавања се наменети за совладувањето на класификацијата на модните додатоци.
**Една од студентските вежби би вклучила преупотреба на материјали и/или рециклирање.
ПОЧЕТОК:
13.03.2021ДИЗАЈН НА РАЧНО ПЛЕТЕНИ МОДНИ ПРОИЗВОДИ
Програмата има за цел да им овозможи на студентите да ја совладаат дизајнерската методологија за развој на рачно плетени модни производи и да ги научат базичните техники на рачно плетење. На глобалниот пазар, покрај понудата на веќе етаблираните имиња на модната сцена, се зголемува и бројот на млади дизајнери кои целосно или дел од модната понуда ја базираат на рачно плетени производи (облека и модни додатоци).
**Една од студентските вежби би вклучила преупотреба на материјали и/или рециклирање.
ПОЧЕТОК:
13.03.2021ДЕТСКА ЕДУКАЦИЈА И ЗАБАВА: ДРАМСКИ АКТЕР
Квалитетот на исхраната е важен фактор за физичкиот развој на вашето дете, додека уметноста е духовна храна којашто е задолжителна на детското мени за негување на интелектуалниот и креативен капацитет.
KIDS програмите од Џолев и Уметностите, ќе ја поттикнат креативноста, ќе го мотивираат критичкото размислување и социјалната комуникација на секое дете, преку класичните уметнички медиуми, преку јасно дефинирана работна програма, нетрадиционална (современа) претстава и организација на часовите.
ПОЧЕТОК:
26.01.2021ФИЛМСКИ АКТЕР
Обуката за филм и филмски актер, која ќе се одржи по шеснаесетти пат, е под менторство на режисерката Теа Беговска, во соработка со филмскиот режисер Дејан Џолев, универзитетски професори, професионални актери, режисери, театролози, филмски работници…
ЦЕЛ: Секој од учесниците ќе биде дел од практичен актерски процес во кој ќе бидат реализирани 10 кратки филмски етиди со професионална филмска екипа, кои подоцна ќе имаат своја филмска премиера во „Кинотека на Македонија“.
Секој учесник ќе добие сертификат за успешно реализирана програма „Обука за филм и филмски актер“, кастинг CV и кастинг фотографии.
ПОЧЕТОК:
07.03.2021ПРЕДАВАЊА: ИНТЕЛЕКТУАЛНА СОПСТВЕНОСТ
Интелектуалната сопственост се однесува на креациите на човековиот ум. Предавањата од областа на интелектуалната сопственост ќе го опфатат поимот за интелектуалната сопственост v. индустриска сопственост, поим за авторско право, како и права од индустриска сопственост и нивна заштита.
ПОЧЕТОК:
14.06.2021ЦРТАЊЕ И СЛИКАЊЕ
ЗА СИТЕ ГЕНЕРАЦИИ КОИ САКААТ РЕКРЕАТИВНО ДА СЕ ЗАНИМАВААТ СО ЛИКОВНАТА УМЕТНОСТ!
Програмата е под менторство на Доротеј Нешовски, во соработка со ликовниот уметник Маргарита Симовска.
Учесниците на курсот ќе имаат можност да се запознаат со основите на ликовната уметност преку цртачките и сликарски техники. Ќе ги совладаат принципите на композиција, конструкција на поставка, визирање, градација, топли и ладни бои, тон и поделба на плановите преку користење на различни цртачки и сликарски техники зависно од желбата на партиципиентот и моменталната наставна содржина (молив, туш, акрилни бои, водени бои, четка, шпакла и слично).
ПОЧЕТОК:
14.02.2021ФОТОГРАФИЈА
Курсот по фотографија е под менторство на фотографот Драги Неделчевски во соработкa со мултимедијалниот уметник Дејан Џолев и професионални фотографи, фоторепортери, режисери, сликари, драматурзи, актери, модни дизајнери, фотомодели…
Програмата ќе се одржи по дваесет и први пат и досега се обучени повеќе од 500 фотографи!
На крајот од три месечниот курс, учесниците ќе ги изложат своите најдобри дела на групна изложба, каде ќе бидат доделени сертификати за постигнатиот труд.
ПОЧЕТОК:
06.03.2021ФИЛМСКА РЕЖИЈА
Курсот „Филмска режија” претставува елементарно запознавање со процесите на создавање филм или филмска форма, преку практични предавања, филмски проекции и анализи, како и теренски филмски вежби во студио, ентериер и екстериер со филмска опрема и филмски соработници, како и постпродукција и обработка на филмска слика и монтажа во дигиталните софтвери ADOBE Premiere и ADOBE Audition.
ЦЕЛ: Во текот на програмата секој од учесниците ќе биде дел од работен процес (од идеја до снимање кратка филмска форма), која подоцна премиерно ќе биде проектиран на големото филмско платно во „Кинотека на Македонија“. Исто така учесниците ќе имаат можност активно да се вклучат кон создавање на краток игран филм во рамки на програмата „Обука за филмски актер”. На крајот од програмата се доделува Сертификат за успешно реализирана програма.
ПОЧЕТОК:
14.03.2021ТЕХНИКИ НА КРОЕЊЕ И ШИЕЊЕ
Програмата „Курс за техники на кроење и шиење” е под менторство на искусната Маре Трајковска „Матра“ (модна дизајнерка и специјалист за конструкција на облека).
Сите (основни) материјали за потребите на програмата се вклучени во цената.
На крајот од осум неделната програма, учесниците ќе добијат сертификати за постигнатиот труд.
ПОЧЕТОК:
13.02.2021ПРЕДАВАЊА: ЕСТЕТИЧКИ ДИСКУРСИ
ЗАДОЛЖИТЕЛНА МЕНТАЛНА ХИГИЕНА ЗА СЕКОЈ УМЕТНИК И ДИЗАЈНЕР
…како и вљубеници на философијата, историјата на уметностите, естетиката… предложуваме естетски дискурси со проф. Небојша Вилиќ, во пријатен и неформален амбиент.
ПОЧЕТОК:
15.03.2021ADOBE ILLUSTRATOR
За сите креативци кои имаат потреба од векторска графика, дигитална илустрација и графички дизајн!
Програмата има за цел техничко изучување на алатката ADOBE Illustrator. Покрај тоа учесниците ќе имаат можност да се запознаат на елементарно ниво од областа на графичкиот дизајн, преку методолошки концепти и работа на практични проекти.
ПОЧЕТОК:
06.03.2021ADOBE PHOTOSHOP: ПОСТПРОДУКЦИЈА И МОНТАЖА НА ФОТОГРАФИЈА
Задолжителна програма за секој фотограф! Ментор на програмата „Курс по постпродукција на фотографија“ која ќе се реализира по осумнаесетти пат е Дејан Џолев (филмски режисер и визуелен артист). Во текот на курсот учесниците креативно ќе ги искористат вредностите на фотографијата од технички, ликовен и драматуршки карактер.