СТИПЕНДИСТИТЕ ВЕ ПОВИКУВААТ НА ПОВИК ЗА СТИПЕНДИИ : )
Скала Школата за дизајн, уметност и технологија на првиот отворен повик за стипендии, додели 2 целосни и 7 делумни стипендии за уписи на Академиите за графички дизајн, визуелни уметности, ентериер дизајн, моден дизајн, Product Owner и UX/UI:
Целосни стипендии:
Муамед Маликовски, Aкадемија за моден дизајн;
Ивана Јакимовска, Aкадемија за графички дизајн;
Делумни стипендии (половични):
Благоја Андоновски, Академија за ентериер и продукт дизајн;
Андријана Колевска, Академија за визуелни уметности;
Ирина Чабуковска, Академија за UX/UI;
Адријана Чавкоска, Академија за UX/UI;
Ивана Коцева, Академија за UX/UI;
Наташа Егуменовска, Академија за UX/UI;
Пеѓа Галиќ, Академија за Product Owner;
Честитки на сите студенти и им посакуваме продуктивна и креативна учебна година!
СТИПЕНДИИ: ПОСЛЕДЕН ПОВИК ЗА ТВОЈАТА КАРИЕРА
За сите кои го пропуштија нашиот прв повик, а имаат желба и насока да започнат кариера во креативните индустрии, нашата школа од 16 септември до 30 септември, го продолжува повикот за доделување на десет половични стипендии за учебната 2022/23 на Академиите:
ПРИЈАВИ СЕ ВЕДНАШ!<<
Со цел да ве охрабриме, да пристапите кон нашиот продолжен повик за стипендии, решивме поблиску да се запознаеме со некои од нашите стипендисти:
Ja прашавме Андријана Колевска, стипендистка на Академијата за визуелни уметности, што те мотивираше да се пријавиш на конкурсот за стипендии?
,,Јас сум машински инженер со десетина години професионално искуство, но внатрешниот порив кој ме следи сето ова време, ме држи паралелно активна и жедна и во сферата на визуелните уметности. Читајќи го повикот за стипендирање, помислив дека сега е крајниот момент и можност да го направам тој скок и да добијам фундамент и сет на вештини во една пријатна креативна средина и на тој начин со заокружено знаење од областа, да го побарам моето место. Интервјуто само ми направи да се почувствувам како своја на своето, а тоа чувство е добро.”
На ова се надоврза и Ивана Коцева, стипендистка на Академијата за UX/UI.
„Моето претходно искуство во веб дизајн всушност и ми укажа на големата улога на креативноста во таа област, поради што сметав дека Академијата за UX/UI е очигледниот следен чекор. Претпоставувам дека моето претходно знаење во голема мера придонесе интервјуто да биде едноставен разговор за самата Академија и можностите што ги нуди, како и за моите очекувања и цели од истата.“
ПОГЛЕДНИ АКАДЕМИИ! <<
Со Пеѓа Галиќ, стипендист на Академијата за Product Owner, поразговаравме за неговото претходно искуство и зошто токму реши да продолжи со студии на нашата академија.
,,Мојот пат во само-едукација започна со завршување на Coursera – програмата во домен на Google Project Management, па потоа следеше стекнување со Scrum Master PSM I сертификат, а сето ова поради огромната желба за работење во ИТ сектор. Продолжување на моето школување во насока на Product Owner го гледам како логичен след и инвестиција токму во тоа поле. Благодарен сум на укажаната доверба и одобрување на стипендијата.”
Додека пак Ирина Чабуковска, стипендистка на Академијата за UX/UI дизајн, ни сподели искуство од тоа како поминало интервјуто за стипендии.
,,За време на интервјуто имаше пријатна атмосфера и супер разговор, се чувствував доста опуштено и мило ми беше што можев да ги споделам моите идеи, ставови и размислувања. Љубител сум на графичкиот дизајн и оваа година ги завршувам моите студии на факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство, а UX/UI за мене претставува совршена комбинација од овие две области во кои сакам да ги развивам моите вештини. Се радувам на можноста да стекнам практични знаења и алатки кои ќе ми помогнат во градењето на кариера како UX/UI дизајнер. ”
Минатогодишните стипендисти кои повикаа за стипендии 🙂
ВАЖНО: Кандидатите кои ќе аплицираат, ќе бидат повикани на кратко интервју со координаторите од академиите, пред кои ќе имаат можност да се претстават преку интересот за личен развој и преквалификација или преку портфолија и дела за понатамошно надоградување во дејноста од интерес.
Возможни се два типа на интервју (поделени во две различни категории) и тоа, 1. кандидати со искуство од дејноста и 2. кандидати без претходно искуство. Двете категории имаат различен систем на вреднување.
Повеќе информации: 076 266 740
Погледни ги сите детали за програмата, менторите, начинот на одржување и можностите по завршување на Академијата .