ВРЕМЕ Е ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ!
На овој повик Школата за дизајн, уметност и технологија „Скала“ (основана од Џолев и уметностите) и Институтот за дизајн и технологија – ИДТ Скопје ќе доделат вкупно 24 стипендии, од кои 6 целосни стипендии (100%), 6 полу-стипендии (50%) и 12 ваучери со 30% попуст за Академиите од учебната 2022/23, и тоа:
ГРАФИЧКИ ДИЗАЈН
ВИЗУЕЛНИ УМЕТНОСТИ
МОДЕН ДИЗАЈН
ЕНТЕРИЕР И ПРОДУКТ ДИЗАЈН
UX/UI+
PRODUCT OWNERS
Кандидатите кои ќе аплицираат ќе бидат повикани на кратко интервју со координаторите и дел од наставниот кадар на академиите пред кои ќе имаат можност да се претстават преку два типа на интервјуа (поделени во три различни категории) и тоа:
1. кандидати со искуство од дејноста (портфолио);
2. кандидати без претходно искуство;
3. кандидати со искуство од друга дејност (преквалификација).
Трите категории имаат различен систем на вреднување.
Пријавувањето е отворено до 30 јуни на следниот линк.
Интервјуата ќе се одржат во период од 15 јуни до 15 јули.
Погледни ги сите детали за програмата, менторите, начинот на одржување и можностите по завршување на Академиите 2022/23.