ОТВОРЕНИ ДЕНОВИ: Дизајн, коктели, технологии и апетисани! » SKALA School

ОТВОРЕНИ ДЕНОВИ: Дизајн, коктели, технологии и апетисани!

881 Comments off Инфо



И ова лето ве покануваме на дизајн-коктели, зачинети со технологии-апетисани, отворени денови на кои ќе ве запознаеме со нашите ментори и академски програми за 2022/23 година, можностите за кариера и сите прашања и дилеми кои ги имате во врска со Академиите за моден дизајн, графички дизајн, визуелни уметности, UX/UI + дизајн и ентериер и продукт дизајн.

ОТВОРЕНИТЕ ДЕНОВИ ќе се одржат на
23 и 24 јуни во релаксирачка атмосфера со коктел мени за сите учесници! 🙂

Едно лице може да присуствува на повеќе денови во зависност од интересот за програмите.

ПРИЈАВУВАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО со регистрација на следниов ЛИНК.

🍸

Временско мени: Се сместуваме мерачки до 18:00 и порачуваме коктел по избор!



Отворена дискусија и размена на лични искуства со дел од предавачите на Академиите:

На 24 ЈУНИ •  Академија за МОДЕН ДИЗАЈН; // почеток: 18:00 часот

  • Никола Булески – Буле // Академија за моден дизајн // специјалист за конструкција на облека, професор по моден дизајн;
  • Ирина Тошева – Академија за моден дизајн // модна дизајнерка и менторка на предметот Бренд Менаџмент.

На 23 ЈУНИ – Академии за ГРАФИЧКИ ДИЗАЈН, ВИЗУЕЛНИ УМЕТНОСТИ, UX/UI + ДИЗАЈН // почеток од 18 часот

  • Дејан Џолев, Академија за визуелни уметности // филмски режисер, визуелен артист, главен уредник на Скала магазин;
  • Влатко Ристов // Академија за графички дизајн // Арт директор во New moment – маркетинг агенција;
  • Зоран Кардула // Академија за графички дизајн// Графички дизајнер, уметник
  • Дејан Милославлески // Академија за UX/UI + ДИЗАЈН/ веб дизајнер и веб дивелопер, основач на ALTUS SOLUTIONS

На 24 ЈУНИ ЕНТЕРИЕР И ПРОДУКТ ДИЗАЈН // почеток од 18 часот

  • Апостол Тноковски // Академија за ентериер и продукт дизајн // Индустриски дизајнер и едукатор;
  • Илија Паунков // Академија за ентериер и продукт дизајн// Индустриски дизајнер и едукатор.

    По секоја средба, следи неформална дружба помеѓу гостите, менторите, предавачите и организаторите од  „Скала“- Школа за дизајн, уметност и технологија.

    Ве очекуваме 😉

Не пропуштајте: Во моментов е активен и ПОВИКОТ ЗА СТИПЕНДИИ.
>> повикот е отворен за апликации до 30 јуни!


❤️