Студентите преку проект од рециклирана облека, ќе поддржат студент на Академијата за моден дизајн » SKALA School

Студентите преку проект од рециклирана облека, ќе поддржат студент на Академијата за моден дизајн

854 Comments off Moден дизајн, Студенти

Во март оваа година, во Социјалниот центар „Дуња“, се одржа настан кој беше вистински спој на убав, корисен и еколошки активизам.

На покана на нашата алумни студентка Ана Тодоровска, бевме дел од „Второ Азно“- платформата каде половните предмети имаат неколку животи, односно идејата за рециклирање облека е многу важна. Токму поради тоа, на размената на облека се гледа како важен чекор во зачувувањето на природната средина, намалување на отпадот и можност за креативен израз.


Дел од облеката беше редизајнирана од страна на нашите студенти на Академијата за моден дизајн, а парчињата беа правени под менторство на Никола Булевски – Буле и Александар Ношпал.

Со оваа „интервенција“, старите парчиња облека добиваат нов живот, а облека од „втора рака“ е веќе сериозен тренд во многу земји во светот.

Токму поради ова, ние сакаме да ги промовираме овие парчиња преку нашата дигитална платформа за Дизајн и современа уметност Скала Магазин, каде можете да купите парче облека по симболична цена и да направите разлика во нечиј (студентски) живот 🙂

Собраните финансии ќе бидат насочени кон поддршка преку финансиска партиципација на еден студент на Академијата за Моден дизајн од генерација 2022/23 год.

Фотографиите беа изработени по предметот Модна фотографија под менторство на Дејан Џолев и Антонио Станков во соработка со модната агенција Моделс Ин, Студио 1 и шминка на Александра Тодоровска.



Идејата на студентите беше да се почне од некаде. Да се биде свесен, да се провоцира дека сите мора да се вклучиме во „чистење“ на она што е околу нас. Со овој рециклирачки, фотографски и моден аспект, студентите направија едиторијал кој пренесува важна порака за трендовите и околностите во кои живееме и создаваме.

Честитки до нашите студенти кои го изработија овој хуманитарен и општествено одговорен проект!

Михаела Панова,
Сара Величковска,

Ангела Спасовска
Стефанија Арсовска
Сара Ѓорѓиевска
Златка Николоска
Милица  Димитријевиќ
Марија Трајковска
Ива Ивановска
Луна Аврамовска
Јован Јосифоски
Кристина Маринчевска




♡ РАЗГЛЕДАЈ, КУПИ И ПОДДРЖИ НАШ СТУДЕНТ ♡




★ [клик] ЗАШТЕДИ 300 ЕВРА СО РАН УПИС ДО 30ти ЈУЛИ! 
★ [клик] Академија за графички дизајн
★ [клик] Академија за визуелни уметности
★ [клик] Академија за моден дизајн
★ [клик] Академија за ентериер и продукт дизајн
★ [клик] Академија за UX/UI+