Тековни студенти на Скала се вработуваат уште во вториот семестар!
Скала Академии за дизајн студенти вработување

Тековни студенти на Скала се вработуваат уште во вториот семестар!


Неколку студенти од Скала-Школата за дизајн од различни Академии, успешно ја почнаа својата работна позиција на неколку места, и тоа додека се сѐ уште студенти. За нивните искуства додека се на Академиите и воедно на работа, ни раскажаа како си поминуваат и какво им е искуството досега.


Зборувавме со двајца од нив кои веќе се во работна атмофера и ни раскажаа какво им е искуството додека се во различни компании, паралелно студирајќи на Академиите за визуелни уметности и графички дизајн.

Ја прашавме Јована Цинцароска, наша студентка на Академијата за графички дизајн која работи во концептуалното студио за ирис фотографија „Collarette“. Како се чувствува на работа и какви сѐ активности има, ни сподели и Стефан Трпески, тековен студент на Академијата за визуелни уметности, кој во моментов работи како фотограф во модната куќа „Елена Лука“


Јована Цинцароска


Јована за работата во Collarette сподели многу позитивни впечатоци. Таа ни раскажа како ѝ оди со работата додека сѐ уште е на Академијата:

Да се биде дел од Collarette за мене претставува задоволство и искусување на нешто ново, нешто што не сум работела претходно. Мило ми е што уште сега додека сум на студии, имам можност да стекнам искуства и да се развивам како дизајнер.

Она коешто досега го научив на Академијата ми помогна во работата којашто ја работам во моментов, но би рекла дека праксата е битен фактор. Работиш на реални проекти, се соочуваш со реални проблеми, се усовршуваш, добиваш брзина и учиш да работиш под притисок. Сметам дека студиите и праксата се две работи коишто не одат едно без друго.

Collarette e концептуално студио за фотографија, кое стартуваше со работа во почетокот на 2023. Студиото е специјализирано за за ирис фотографија, каде луѓето можат да дојдат и да си го фотографираат својот ирис од окото, кој патем е еден од најкарактеристичните и уникатни делови од нашето тело.


Стефан Трпески


Стефан ни сподели искуство како е да се биде дел од голем тим, но и дека она што го следи на Академијата му е од голема помош во работата.

„Елена Лука“ е македонски моден бренд-производ кој стартуваше со работа во 2008, создавајќи целосна платформа за модната индустрија, со моден печат признаен дома, но и на глобалниот пазар.

На студии си поминувам супер и морам да кажам дека сето она коешто го учиме, го применувам веднаш на местото каде што работам. Иако некои од работите коишто ги учевме мислев дека нема да ми требаат, сепак излезе дека сѐ што учиме е многу важно да се знае. 

Многу ми помага секојдневно тоа што уште сум на Академијата и паралелно ги осознавам работите. Како прво работно искуство како фотограф во Elena Luka, можностите што ми се пружија се далеку подобри од претходните работни искуства коишто сум ги имал во други професии. Во моментов сум дел од маркетинг-тимот на компанијата којашто се состои од врвни професионалци во своите полиња и за кусо време научив многу. На работа ми е секогаш интересно, убаво си поминувам, а ја имам целосната креативна слобода да ги правам работите како што умеам и да давам креативни решенија.




И ние се радуваме со вас!
Продолжете да бидете кул и учете, создавајте, менувајте се и секогаш уживајте во професионалната надградба!

✰ ✰ ✰


ПОГЛЕДНИ ПОВЕЌЕ ЗА СИТЕ 6 АКАДЕМИИ ЗА ДИЗАЈН [ТУКА]
Академија за графички дизајн
Академија за UX/UX+ дизајн
Академија за визуелни уметности
Академија за моден дизајн
Академија за ентериер и продукт дизајн
Академија за фотографија

+ За сите кои ќе „фатите“ место до 15 мај, ви следува попуст до 500€! Прочитај повеќе [TУКА]