Импресии од „Decennium“ ✧
Прогласени најдобрите студенти на 6-те академии за дизајн | SKALA - Џолев и уметностите

Импресии од „Decennium“ ✧

„Decennium“ [латински: ДЕЦЕНИЈА]- затоа што десет години го полниме креативниот простор и го развиваме образованието.

На 14 октомври се случи финалната изложба на студентите од Академиите за графички дизајн, визуелни уметности, моден дизајн, ентериер и продукт дизајн при „Скала“ Школата за дизајн и уметност [поранешно „Џолев и уметностите“] во соработка со Институтот за дизајн и технологија – Скопје, генерација 2021/22 и поддржана од Министерство за култура на Р.С. Македонија.

Деценија создавање, деценија креирање нови светови и можности за многу луѓе, за цела една заедница што вибрира во различни бои, форми, кадри и движења. Тоа е нашиoт свет, распослан во петте хали на Паблик Рум во кој енергично и како во кошница со пчели, се случи финалната изложба на студентите од генерацијата 2021/22.

Изложбата беше максимално посетена,  сите хали беа разџагорени, публиката просто се „разлеа“ меѓу сите простории во кои се чувстуваше возбуда и радост. Секој сакаше да „украде“ миг, да фотографира, да зачува момент од атмосферата…


На првиот кат, изложени беа модните дизајни на студентите од Академијата за моден дизајн, под менторство на Александар Ношпал и Никола Булески – Буле. Неколку различни приказни во единствен простор, свежи идеи спакувани во „ретро“ елемент, микс на старо и ново, смирено и жестоко – енергија за сечиј вкус.

Најголемиот изложбен простор привлече огромна публика – имено, визуелизациите на студентите од Академијата беа со голема посетеност и интерес. Освен изложбата, можеа да проследат и кратки филмови во една од халите, снимени од нашите студенти. Постери за филмови, автопортрети во различни техники, типографски календари, илустрации… Проекти за почит, кои студентите неуморно ги креираа во текот на изминатата година, под менторство на oдличен тим: Зоран Кардула, Петар Павлов, Дејан Џолев, Влатко Ристов, Гордана Вренцоска…


Вечерта беа доделени +80 дипломи и уверенија за постигнатиот труд и успех на студенти од 6 академии.

Скала-академии-за-дизајн-доделување-дипломи

Со голема одговорност и задоволство, ги прогласивме и најуспешните студенти за учебната 2021/22 година на Академиите за дизајн. Доделувањето на дипломите од страна на наставната координаторка Ангела Николовска беше пренесено со многу емоции и како што таа самата рече:

„Секоја генерација студенти ми е при срце. Мислев дека по првата завршена генерација ќе ми помине она чувство на меланхолија, радост во едно, но еве и оваа година, емоциите се силни. Студентите се навистина прекрасни, неуморно работеа и се гордеам со нив. Им посакувам да се гледаме во иднина во галерии, на изложби, во сите сфери во кои ќе се развиваат како креативци“.

АКАДЕМИЈА ЗА ЕНТЕРИЕР И ПРОДУКТ ДИЗАЈН:
⊹ Мартина Пенева – најдобар студент
⊹ Кристина Петровска – студент со најголем развој

АКАДЕМИЈА ЗА ГРАФИЧКИ ДИЗАЈН: 
⊹ Андријана Антова – најдобар студент
⊹ Дејан Ичев – студент со најголем развој

АКАДЕМИЈА ЗА ВИЗУЕЛНИ УМЕТНОСТИ:
⊹ Ана В’чкова – најдобар студент
⊹ Гаја Смилевска – студент со најголем потенцијал
⊹ Стефани Караџовска – студент со најголем развој
⊹ Мартин Чичовски – студент со најголем развој

АКАДЕМИЈА ЗА МОДЕН ДИЗАЈН:
⊹ Марија Трајковска – најдобар студент
⊹ Ангела Спасовска – студент со најголем потенцијал


★ За најдобар студент на генерацијата беше прогласена Мартина Пеневa, од Академијата за ентериер и продукт дизајн, којашто беше наградена и од нашиот партнер JK Travel со летување за двајца по нејзин избор ✈



Честитки драги студенти! Ви посакуваме успешна кариера, а ние сме секогаш тука за сите ваши нови идеи, соработки, препораки и дружби ✧˚ · . ˚

СКАЛА | Школа за дизајн, уметност и технологија