Нашите студенти на пракса во креативните индустрии » SKALA School

Нашите студенти на пракса во креативните индустрии

781 Comments off Инфо, кариера, Студенти


Месец јули за нас беше навистина исполнет и продуктивен. Направивме едно чудо настани, собиранки, изложби… И никако не застануваме 🙂

Една од поважните работи која Скала – Школата за дизајн, уметност и технологија ја застапува е поврзувањето на компаниите со студентите. Токму и тоа ни беше намерата и ова лето, конкретно на 7ми и 8ми јули, кога се случи дводневниот настан „Студентите зборуваат“.

Повеќе од 60 студенти од Академиите за дизајн [графички, моден, ентериер и продукт дизајн, визуелни уметности] јавно се претставија преку своите порфолија, пред главните менаџери на најзначајните компании од креативните индустрии, каде во текот на летото студентите ќе имааат едномесечна пракса и можност за понатамошно вработување.



Учествуваа претставници од следниве компании: New Moment, IDEA+, Fabricca, Koma Design Studio, Brand Union, Salt Milano, Bella, FWSK, Ирина Тошева, MAD Студио, INSPO Design & Architecture, Stone Design, БХ Архитектс, Sols, Brumell, Skala Magazine, Skala School, Navigators PR, Светот на Биби, Division, Macedonia-Export, GA & IV Group, Umno.mk, Издавачки центар – ТРИ.


Во однос на ваквите поврзувања на студентите со компаниите, неколку од сопствениците на различни фирми дадоа своја изјава. Една од нив е компанијата „INSPO Design & Architecture“, студио за дизајн на ентериер.

„Сметаме дека ваквиот начин на поврзување на студенtите со соодветните компании кои што вие го практикувате дефинитивно треба да стане редовна пракса кај нас. На нас ни овозможува поблиско запознавање со потенцијалниот практикант и неговиот начин на работа наместо класичното интервју за работа и истовремено им овозможува на студентите полесно дастапат во контакт со дел од компаниите каде што би сакале да бидат дел од тимот. Воедно, позитивна работа во целиот овој процес е што покрај завршената обука, дополнително имаат можност она што го научиле, да му најдат практична примена и да си отворат простор за потенцијално вработување“


На настаните имаше присутни претставници од многу различни компании, меѓу кои и домашната компанија, добро претпознатливиот бренд за деловна женска облека „Bella“, а во нивната работна приказна веќе има неколку наши студенти кои се вработени низ изминатите години.

Во однос на поврзувањето на студентите со компаниите, тие изјавија:

„Без разлика од каде ни доаѓаат кандидатите, праксите се важен дел од евалуацијата за понатамошните вработувања, иако самите по себе не се секогаш пресудни. Праксите секогаш ни дозволуваат да утврдиме како некој ќе се снајде во оваа средина и се одличен инструмент за проверување на вештините, како и извршување на обврските, т.е задачите.

Примената на знаењата во индустријата се различни во однос на едукацијата, но професионалниот развој е примарно најважен и пожелен за секој еден кандидат, како за нив лично, така и за нас во развојот како компанија“.


Добар пример за тоа дека е важно да се вклучи младиот потенцијален кадар,  дадоа и од маркетинг агенцијата „Division“, во која веќе неколкумина студенти ќе бидат вклучени во летните пракси. Од агенцијата велат:

„Во маркетинг агенцијата „Division“ секогаш се стремиме да дадеме шанса на младите генерации и сите оние кои ќе покажат желба и потенцијал да станат дел од нашиот тим. Со тоа тимот на „Division“ добива ‘подмладок’ со нови креативни енергии, а самите студенти и практиканти имаат можност да напредуваат и да учат од искусни професионалци од областа.“


Овие настани се важна врска помеѓу тековните трендови на пазарот на труд и потенцијалните идни вработени во индустријата. Преку „Студентите зборуваат“, имавме шанса да ги претставиме младите умови на кои им е потебна поддршка и истовремено да ги збогатиме опциите за свеж, креативен кадар за постоечките компании кои имаат потреба од тоа.


★ [клик] ЗАШТЕДИ 300 ЕВРА СО РАН УПИС ДО 30ти ЈУЛИ! 

★ [клик] Академија за графички дизајн
★ [клик] Академија за визуелни уметности
★ [клик] Академија за моден дизајн
★ [клик] Академија за ентериер и продукт дизајн
★ [клик] Академија за UX/UI+
★ [клик] Академија за Product Owners