Ретроспектор: Ова лето ќе биде запаметено по… I Skala
ретроспектор-скала-џолев-академии-студенти-дизајн

Ова лето ќе биде запаметено по…

2344 Comments off Инфо, Професори, Студенти


Прочитајте за активностите на нашите ментори, нашата школа, но и информации од
формален и неформален карактер.

Ова лето во нашата школа ќе биде запаметено по успесите на нашите студенти, ментори и случувања коишто ги одбележаа изминатите два-три месеци.

НАШАТА ШКОЛА…


1. Поврзувањето на компаниите и студентите продолжува!

Студентите од академиите за дизајн во „Скала“ ги претставија своите портфолија пред претставници на десетици компании од креативните индустрии. Настанот се одржа на крајот на јуни, додека денес, голем дел од нив веќе се вработија или пак, ја започнаа нивната пракса кај нашите соработници. 

Ова лето, како и на почетокот на септември, нашите студенти ќе бидат дел од Publicis, Fabricca, Koma Design Studio, Division, Relish, Altius, Rinocca, BH Architects, Bella, FWSK, Heppiness, Светот на Биби, Ателје Ирина Тошева и десетици други, како и новите пријатели како Retolinks, Collarete, модното ателје Антонија Ристовска, BlackBellо, моднaта конфекција Амор Компани и други.


2. Марви Маратонот ги собра сите млади филмаџии на едно место!

Се одржа третото издание на „Марви Филмски Маратон“ во МКЦ во Скопје, со повеќе од 16 активности, филмови, дружби и изложби во рамките на тридневната програма. Каде е Марви, таму е и нашиот Мартин Чичовски, алумни-студент на Академијата за визуелни уметности и член на тимот на „Скала“.

Ни претставуваше особена гордост што како школа бевме дел од овој фантастичен настан на којшто исто така, својата премиера ја доживеаја 10 краткометражни филмови од нашите студенти. 


3. „Скала“ е на ТикТок!

Време беше да се приклучиме кон новиот бран на креативни доживувања. Отсега ви споделуваме нови рубрики, видео-содржини и искуства на нашите студенти на вашата омилена социјална мрежа ТикТок. Заследете нѐ, погледнете што сме ви подготвиле, срцнете нè за поддршка и уживајте во новите содржини коишто следуваат.

Се гледаме на ТикТок другари!

@skala.school

Еден ден во Скала be like…✌️ – фотографирање – снимање + дружба на сет – посетување печатница – денсање + positive vibes 🫶 – припреми за изложба Подготвен/а си за нови креативни предизвици ? Те очекуваме, раните уписи се во тек – ѕирни го линкот во био 🙌

♬ been away – hearts2tyler 💫


4. Зошто сертификатите во креативните индустрии во суштина се неважни?

Наставната координаторка во Скала, Ангела Николовска, во интервју за Иновативност, ги истакнува суштинските промени во образованието денес, како и важноста на неформалното образование.

„Тоа што денес нѐ радува е дека студентите сѐ повеќе се интересираат за квалитетот на наставата и вложеното време во едукацијата, наспроти тоа дали академијата е акредитирана или сертифицирана. Акредитациите или сертификатите во суштина се неважни, додека во пракса се лага. Студентите сфатија дека дипломите не ги вработуваат и тоа е здраво, а посебно ова важи за креативните индустрии.“

Горди сме на нашата колешка, класна и срцето на нашата школа!



ПОГЛЕДНИ ПОВЕЌЕ ЗА СИТЕ 6 АКАДЕМИИ ЗА ДИЗАЈН [ТУКА]
Академија за графички дизајн
Академија за UX/UX+ дизајн
Академија за визуелни уметности
Академија за моден дизајн
Академија за ентериер и продукт дизајн
Академија за фотографија


5. Фото-едиторијал изработен со вештачка интелигенција!

Во рамките на програмата на Академијата за моден дизајн, во соработка со студентите од Академијата за визуелни уметности, студентите изработија фото-едиторијал со помош на вештачка интелигенција. Студентите имаа можност да се вклучат во процесот на подготовки и планирање, како и да ја почувствуваат атмосферата за време на фотографирање во студио. За севкупното искуство, разговаравме со дел од студентите како и фотографот на едиторијалот, Ана В’чкова. Прочитајте повеќе тука.

Низ нивните приказни и креативни решенија, ги водеше менторскиот тим составен од врвни експерти во своите области, како: Никола Булевски – Буле, Александар Ношпал, Ирина Тошева, Елена Вангеловска и Дејан Џолев, во соработка и поддршка со останатите ментори на Академијата. 


6. Нова сезона обуки! Уписите започнаа..

Нови можности за развој на вештини, надоградба и дружба со креативци. Оваа сезона на обуки ја најавивме заедно со нашите фантастични ментори кои се одлично друштво и вистинското охрабрување за нови почетоци. Фотографиите доловуваат само дел од атмосферата за време на нашата дружба, а сè останато останува да го почувствувате од октомври.

Уписите се во тек, а сите обуки имаат 20% до 20 септември!

ОБУКИ // ДИЗАЈН И СОФТВЕРСКИ АЛАТКИ:

Figma: UX/UI дизајн [НОВО: погледни повеќе тука]
ADOBE Photoshop: Обработка на фотографија [ЕКСТРА ЦЕНА: погледни повеќе тука]
ADOBE Illustrator: Графички дизајн [погледни повеќе тука]
ADOBE PremierePro: Видео монтажа [погледни повеќе тука]
ADOBE After Effects: Моушн дизајн и анимација [погледни повеќе тука]
WordPress/Elementor: Веб дизајн [погледни повеќе тука]

— —

ОБУКИ // УМЕТНОСТ:

Фотографија [НОВИ МОДУЛИ: погледни повеќе тука]
Филмски актер [погледни повеќе тука]
Техники на кроење и шиење [погледни повеќе тука]
Цртање и сликање [погледни повеќе тука]


7. Нова видео-рубрика „Студент VS ментор“

Што би го прашале вашиот ментор доколку ја имавте можноста? 

Погледнете кои прашања ги постави нашиот студент Немања Пејиќ од Академијата за графички дизајн во разговор со Гордана Вренцовска, ментор на предметот Методологија на дизајн: (линк тука). Ова е првата епизода од видео-рубриката „Студент VS ментор“, а наскоро следуваат нови разговори со ментори и студенти и од останатите академии за дизајн во Скала. Биди во тек со најновите содржини и дознај повеќе за менторите и програмите на нашите академии за дизајн!



НАШИТЕ МЕНТОРИ…


9. Работилници за боење на тестил со Ирина Тошева

Во рамките на проектот „Земјоделските остатоци како текстилна суровина и дизајнматеријал во општина Кочани“, нашата менторка Ирина Тошева ја реализираше работилницата „Вовед во природно боење“ којашто опфаќаше знаење, вештини и информации за одржлива мода и текстил. Учесниците беа вклучени во истражување и изработка на прототип за иновативни пристапи при користење на оризов отпад во дизајнот. За време на тридневната работилница, беа изработени автентични парчиња облека коишто ќе бидат дел од овогодинешниот Fashion Weekend-Skopje.

Со нетрпение ги очекуваме финалните модни парчиња!


9. Апостол Тноковски во популарниот француски магазин „The Edge “

Покрај рубриките за брендови како Versace, Schiaparelli и Prada, во францускиот магазин „The Edge“ ова лето го имаме и написот за Falcon Piano, дизајнирано од Апостол Тноковски за француската компанија AC.PARIS.

Falcon Pianо е целосно транспарентно дигитално пијано, направено од 100% чист мономер од акрилно стакло. Дизајнот црпи инспирација од древниот Египет со ултра модерно рационално движење. Преку својот футуристички и остар облик, дигиталното пијано Falcon открива класичен аспект којшто покажува совршена рамнотежа помеѓу органските линии и дисциплината којашто ја бара класичната музика.


10. Хиперпродуктивниот костимограф Александар Ношпал не спие мирно…

Балетот на Хрватскиот народен театар-Сплит ја изведе балетската премиера на претставата „Дора и Слава“, во кореографија на Мартин Шајкс, со музика на Дора Пејачевиќ, во којашто совршено се вклопија раскошните костими на Александар Ношпал. Инспирацијата за костимите, Ношпал ја пронаоѓа во делата на најпознатиот цветен сликар во хрватското сликарство, Слава Рашкај, а неговиот моден дизајн брилијантно се надоврува со приказна.

Честитки за прекрасните креации!


11. ,,Galeria Collarette” студио во Охрид!

Првото концепт студио за ирис фотографија во регионот ова лето со ново студио во најпосетувата туристишка дестинација. Нашите соработници од Galeria Collarette на 24 јуни го отворија нивното студио во Охрид, овозможувајќи им на големиот број на постетители оваа сезона да поседуваат уникатен подарок. Ви споделуваме дел од атмосферата во новите простории на прекрасната локација во центарот на градот.

Се радуваме на новите почетоци и посакуваме големи успеси!


12. Новите академски подвизи на Кристина Крагујевска

Нашата менторка и коосновач на „Скала “, Кристина Крагујевска, ова лето ги заврши магистерските студии за Интелектуална сопственост на Универзитетот во Торино, како стипендист на  Светската организација за интелектуална сопственост. Нејзината специјализација во моментот е на тема: „Artificial Intellegence, Trade secrets and transparancy“, а наскоро продолжува и со своите докторски студии на Правниот факултет при Универзитет Торино во област Интелектуална сопственост во академија.

Посакуваме уште многу успеси и испраќаме искрени честитки!


13. Нови ментори во Скала, добредојдовте!

Тимот на ментори на „Скала“ во ново руво, три нови ментори ни се приклучуваат во тимот. Континуирано работиме на подобрувањето на нашите програми, квалитетот на наставата и внесуваме нова енергија и експертиза во нашата школа. Им посакуваме топло добредојде на Благој Ѓелевски, Андреј Стамевски и Слаѓана Војушевиќ. 

Оваа сезона на обуки во „Скала“, студентите ќе имаат можност да стекнат знаење од: 

Благој Ѓелевски, ментор на обуката за WordPress/Elemеntor, експерт во веб-дизајн и SEO, со повеќегодишно професионално искуство како веб-дизајнер за домашни и странски клиенти, како и основач на Агенцијата за дигитален маркетинг – Tivius

Андреј Стамевски, во рамките на обуката за најпопуларниот софтвер FIGMA, искусен графички дизајнер и консултант со интернационално работно искуство. 

Гласот на Биби ќе ја предводи програмата на обуката Филм и филмски актер. Познатата театарска, филмска и ТВ-актерка со интернационална кариера, Слаѓана Вујошевиќ, исто така ни се придружува кон тимот на ментори.

Среќно!


_____


Уписите за новата Академска 2023/24 година се во тек!