РЕТРОСПЕКТОР: готвевме, сончавме, журкавме, создававме... »

РЕТРОСПЕКТОР: готвевме, сончавме, журкавме, создававме…

2005 Comments off Инфо


НАШИТЕ СТУДЕНТИ…


1. Завршни презентации пред компании!

Најважниот настан во годината, претставувањето на студентите пред компаниите беше непосредно по завршувањето на последниот час на академските програми! Нашите студенти од академиите за графички дизајн, визуелни уметности, моден дизајн и ентериер и продукт-дизајн, ги презентираа своите портфолија пред најголемите компании од креативните индустрии. .




2. Модниот едиторијал за студентите од Академијата за моден дизајн

Финалните креации на студентите од Aкадемијата за моден дизајн, под менторство на: Никола Булески – Буле, Никола Ефтимов, Ирина Тошева, Александра Јовановска, Небојша Вилиќ, Дејан Џолев, Кристина Крагујевска, беа фотографирани во соработка со студентите на Академијата за визуелни уметности. Cтудентите ќе се претстават и на најзначајниот моден настан – „Fashion Weekend – Skopje”.




3. Бојан Матејин изработи постер во сеќавање на земјотресот од 1963

Алумни студентот на академијата за визуелни уметности, Бојан Матејин изработи постер за годишнината од земјотресот во Скопје. 

„Инспирацијата доаѓа од стрелките на часовникот на старата железничка станица во Скопје, кои застанале на 05:17 – точното време на земјотресот во 1963 година. Претставени се на минимален начин и сметам дека позади овие 2 форми се крие огромна приказна и сеќавање.“ – Бојан Матејин



4. Нашата драга Ана ја започна својата модна кариера

„Македонската модна сцена ја збогатува нова, амбициозна креаторка, а тоа е Ана Франгова. Таа ја презентираше својата прва колекција преку фотосесија“. – Ова е најавата на femina.mk за нашата алумни студентка Ана, којашто развојот на колекцијата го започна за време на студиите, заедно со менторите Никола Булески – Буле и Никола Ефтимов. Честитки драга Ана! <3 Хухууу! – и уште ова: Фотографиите ги реализираше нашата студентка по фотографија Мартина Салова Чешновар. Браво другарки!



5. Андреј Павлов го изработи постерот за Skopje Poetry Festival

Нашиот студент Андреј Павлов на академијата за визуелни уметности го изработи постерот за Skopje Poetry Festival! Постерот е инспириран од различни локации низ Скопје како ГТЦ и Камениот мост.



6. Диме Данов – промоција на книга

Нашите алумни се активни на многу полиња. Младиот Диме Данов, освен светот на визуелните уметности, го освојува и светот на поезијата. Изминатиот месец беше издадена неговата прва стихозбирка насловена ,,Меч од мечти”. Таа е пропратена и визуелно со неколку илустрации коишто се дело на Диме и на Марко Каев. 




НАШАТА ШКОЛА…


7. Одржани инфо сесии за академиите за дизајн

Изминатиот период, во нашата школа, во соработка со Институтот за дизајн и технологија се одржаа вебинари со цел запознавање со менторите, програмата, начинот на одржување на настава и можностите за кариера во иднина. 
Вебинарите беа од областа на графички дизајн, визуелни уметности, моден дизајн, ентериер и продукт-дизајн, веб-дизајн.


8. Симон од Bella и Јелена од New Moment, гости во нашата школа

На последните часови по предметот „кариера“, каде што студентите изучуваат како своето портфолио да го претстават пред компаниите со цел да се стекнат со пракса/ вработување, на гости ни беа генералниот менаџер на Bella – Симон , кој на студентите на Академијата за моден дизајн им го објасни процесот на регрутација во нивната компанија, како и начинот на којшто се извршува работата. 
Исто така, гостинка ни беше и Јелена од маркетинг агенцијата New Moment, која на студентите од Академиите за графички дизајн и визуелни уметности, исто така им го објасни начинот на регрутација во нивната компанија, проектите на коишто работат, а воедно и можностите за кариера во иднина.



9. Започни кариера преку нашите академии за дизајн!

Започнаа уписите на најобемните академии за дизајн! Заедно со Институтот за дизајн и технологија – ИДТ, го означивме стартот на академиите за дизајн:

Почеток: 15 октомври 2021
Крај: 15 јули 2022

  • Завршна изложба и презентација пред компании
  • Заштеда од 200 евра за уписи до 15 септември!



Back to school со месецот на нови почетоци!
Make September a month to remember!


Започнаа уписите за есенската сезона на 10 курсеви!

20% попуст за упис до 20 септември!




НАШИТЕ МЕНТОРИ…


10. Никола Булески се обучи за софтверот Browzwear

Менторот од Академијата за моден дизајн, Никола Булески се обучи за софтверот Browzwear за 3D-дизајн за облека. Се работи за софтвер којшто е „must-have“ во текстилната индустрија, најмногу користен за одржливост, бидејќи се работи на аватари – односно се дизајнираат шаблони за кроење или пак се користат веќе претходно постоечките. Процесот на работа е следен: се бира аватар, се дизајнира шаблон, се прават промени, се принта и се прави мапирање на материјал.



11. Зоран Кардула и Swatch со хуманитарна акција за Денот на независноста

Убави вести по повод Денот на независноста! Изминатиот месец, беше објавено дека првиот Swatch часовник со локален дизајн ќе го изработи нашиот ментор по илустрација Зоран Кардула, по повод триесет години македонска независност. По негова иницијатива, средствата коишто ќе бидат заработени од часовниците, ќе бидат донирани во хуманитарни цели онаму каде што има потреба.  



12. Никола Узуновски со нов рецепт во Concept Kitchen

Concept Kitchen е лабораторија за готвење, создадена од нашиот ментор на Академијата за ентериер и продукт-дизајн – Никола Узуновски, каде што тој редовно постира интересни рецепти од италијанската кујна.



13. Апостол Тноковски со нов дизајн 

Менторот на Академијата за ентериер и продукт-дизајн – Апостол Тноковски, изработи нова верзија на својот продукт-дизајн – Capricorn chair. Се работи за продукт, дизајниран во 2009 година, инспириран од филмот на Стенли Кубрик “2001: Одисеја во вселената”. Самиот дизајн претставува необична комбинација на геометриски и органски форми. Тноковски, со овој дизајн, учествувал во групна изложба посветена на режисерот Стенли Кјубрик во Кинотеката на Франција. Идејата зад новата верзија е дека добриот дизајн е секогаш безвременски.