РEТРОСПЕКТОР: Јануари + Февруари »

РEТРОСПЕКТОР: Јануари + Февруари

2795 Comments off Инфо


Ти благодариме месец јануари и февруари! ♡


НАШИТЕ СТУДЕНТИ…


1. Аника Чорбеска на панел-дискусија во Будимпешта

Аника Чорбеска – алумни-студентката на Академијата за визуелни уметности, ја претставуваше нашата студентска платформа „Скала магазин“, на настанот организиран од European Lab, во Будимпешта. насловен како EUROPEAN LAB BUDAPEST // NEXT GENERATIONS: TAKEOVER! Taa беше дел и од панел-дискусијата на тема: „Формата на медиумите за идните генерации“.
 


2. Андреј Павлов – нов ментор на курсот „ADOBE Illustrator“

Алумни-студентот на Академијата за визуелни уметности, Андреј Павлов е новиот ментор на програмата „Курс: ADOBE Illustrator“, којшто започнува на 20 март. Андреј дипломирал на Машинскиот факултет при Универзитетот Кирил и Методиј Скопје во полето на индустриски дизајн, воедно има неколкугодишна континуирана работа како илустратор и визуелен уметник во областа на линиска уметност и дигитална илустрација.




3. Студентите од Академијата за ентериер и продукт-дизајн

Студентите на Академијата за ентериер и продукт-дизајн на предметот Прототип дизајн студио, под менторство на Катерина Трпковска и Деспина Здравкова, имаа задача да изработат table lamp и side table како проекти од првиот семестар. Во прилог, ви споделуваме неколку фотографии од првите изработки. 


НАШАТА ШКОЛА…



4. Уписите се во тек!

Во тек се уписите за новата XXI-сезона на 14 едукативни програми за возрасни и деца, во вид на обуки, курсеви и работилници од областа на дизајнот и уметностите, со физичка настава во нашите простории.

ФОТОГРАФИЈА
ТЕХНИКИ НА КРОЕЊЕ И ШИЕЊЕ
ЦРТАЊЕ И СЛИКАЊЕ
ФИЛМСКИ АКТЕР
ADOBE PHOTOSHOP
ADOBE ILLUSTRATOR
ADOBE PREMIERE
ADOBE AFTER EFFECTS
ФИЛМСКА РЕЖИЈА
UX/UI дизајн


KIDS-програми:
Писатели и пејачи
Цртање и сликање
Драмски актер
Имагинација


5. Завршен настан на студентите од курсевите: фотографија, филмски актер и цртање и сликање

Повеќе од 100 учесници, изминатите 4 месеци ги посетуваа обуките: фотографија, филмски актер, цртање и сликање, кроење и шиење, Adobe Photoshop и Аdobe Illustrator… Минатата сабота, заеднички ги претставија своите проекти на завршната јубилејна дваесетта изложба насловена како „Отисок 20“.



6. Испитна сесија на академиите за дизајн

Се одржаа испитните сесии на сите академии за дизајн [графички, моден, ентериер и продукт, визуелни уметности] каде што студентите ги претставија јавно своите дела и проекти од првиот семестар пред најдобриот менторски тим, составен од универзитетски професори и професионалци од дејностите: Александар Ношпал, Никола Булески – Буле, Зоран Кардула, Дејан Џолев, Влатко Ристов, Елена Вангеловска, Апостол Тноковски, Илија Паунков, Катерина Трпковска и Деспина Здравкова. 



7. „Скала магазин“ потпиша соработка со  „Arty Farty”

Нашата студентска платформа „Скала магазин“, на покана на Француската независна организација за млади и иновативна култура Arty Farty, се приклучува кон Sphera – платформа за алтернативни медиуми во Европа. По тој повод, бевме дел од првиот настан, организиран во рамките на оваа соработка – European Lab x Sphera, на 5 февруари во Будимпешта.

 


8. Образованието е повеќе од просек 5.0

Доделуваме целосни стипендии на средношколци и бруцоши од цела Македонија, кои изминатата учебна година ја завршиле со просек под 3,9.

Целта на овој проект е мотивирање на учениците да го продолжат личниот развој во областите на уметноста и дизајнот, како и подигање на свеста за индивидуалниот пристап и важноста на секој предмет од образованието за секој ученик, без разлика на нивниот просек.





9. Целосни и делумни стипендии на Академијата за UX/UI дизајн

Институтот за дизајн и технологија – ИДТ Скопје и Школата за дизајн и уметност „Џолев и уметностите“ започнуваат програма за стипендирање, каде што за првпат во процесот на стипендирање ќе се вклучaт и компаниите. Оваа пилот-програма започнува со Академијата за UX/UI plus, којашто е проширена и го опфаќа целокупниот развој и дизајн на софтверски решенија базирани на веб, покривајќи ги едни од најбараните работни позиции на денешницата: UX/UI-дизајнер, WordPress и Front – End-девелопер.

 




10. Ана Голејшка-Џикова е нова менторка на KIDS-програмите 

Новата програма во KIDS-обуките, „Писатели и пејачи“, ќе биде дополнета со новата менторка – Ана Голејшка-Џикова. Ана е поетеса, книжевна перформерка, фристајл- читачка. Авторка е на три детски сликовници и две збирки поезија. Креаторка на книжевно – уметничкиот настан „Астални проекции“ и дел од организаторите на „Скопски поетски фестивал“. Редовно оди по градинки и основни училишта каде што им чита на деца книги и поттикнува раскажување.



11. „Имагинација“ – нова програма за деца и возрасни, под менторство на Теа Беговска

Креативно-едукативна работилница за деца и родители „Имагинација“, која во својата програма обработува актерски вежби и игри преку коишто се гради подлабока релација помеѓу детето и родителот. Учесниците на оваа работилница ќе имаат можност да се запознаат со театарот и актерството, на секој час учејќи нов театарски термин кој практично ќе го применат заедно со родителот. 



12. Нов ментор на Академијата за UX/UI+

Дејан Милосавлевски е новото менторско засилување на Академијата за UX/UI+ дизајн. Тој е основач на Altius Solutions LLC, Full-service Marketing & Web & Mobile App Development Agency, основач и извршен директор на Vendor – прва автоматизирана платформа за е-трговија во Македонија, надворешен консултант за дигитален развој и дигитализација на компании на нордиски пазар, коосновач на Bizniskatalog.mk и Kupisajt.mk.





НАШИТЕ МЕНТОРИ…





13. Зоран Кардула е дизајнерот на новата колекција „Dreams” 

Менторот на академиите за графички дизајн и визуелни уметности, Зоран Кардула, го дизајнираше изгледот на рачно изработениот накит – прстени изработени во месинг и сребро од колекцијата, во соработка со Dobro Mi Stoi, а колекцијата е изложена во ДОЛАП.




14. Доротеј Нешовски со нова книга и изложба

Уметникот и ментор на академиите за дизајн, Доротеј Нешовски, ја промовираше својата втора визуелна книга „Секоја работа надвор од уметноста е губење време!“, којашто беше проследена со посебна изложба и инсталација. Изложбата се одвиваше во КСП ЈАДРО, каде што публиката имаше можност да ги види и искомуницира цртежите и уметничките изјави, инсталацијата и уметничката книга.


15. Ирина Тошева – костимографка на најновата претстава на МНТ

Нашата менторка на Академијата за моден дизајн, Ирина Тошева, ги изработи костимите за премиерната претстава „Горчливите солзи на Петра фон Кант“, на Македонскиот народен театар, којашто се случи минатиот месец.



Се читаме следен месец!